ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.08.2021
Бесплатни курсеви од Мајкрософт
Автор: Goce Author

Живееме во свет кој е базиран на компјутери и интернет. Милијарди сензори, екрани, уреди во секоја просторија, каде и да влеземе. Во нашите возила, во нашите домови, во нашите џебови, секаде технологија. Оваа компјутерска сила ќе дигитализира речиси се околу нас, секој податок, секоја информација. Можностите кои ни стојат на располагање се неограничени.

Токму поради вака технолошки ориентираниот свет Мајкрософт верува дека секој треба да има можност да ја научи технологијата подобро и да ги стекне потребните вештини за сопствен и развој на општеството.

Мајкрософт креирале серијал на бесплатни курсеви кои им даваат можност на корисниците да научат многу и да се стекнат со нови вештини.

Како млади луѓе, можеби дел од овие курсеви ќе ви бидат потребни за вашиот развој и развојот на вашите идни кариери. Курсевите можат да се најдат на платформата EDX на следниот линк.

EXIT жртва на поддршката на студентите
Копанхаген и натаму најсреќен град за живеење