ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.07.2021
Даскалот: Како да напишете „НЕ“ ?

По социјалните мрежи, среќаваме примери кои ни даваат до знаење дека „не можам“ и „невистина“, како и „подобар“ се многу чести грешки кога станува збор за правилно пишување на зборовите во македонскиот јазик.

Затоа, накратко, но и едноставно ќе објасниме како стојат работите поврзани со слеано и разделно пишување на зборовите кога е присутна негација, но и слеаното пишување на придавките со префикси.

Со негацијата не, слеано се пишуваат именките и прилозите.

Пример: непријател, несовесен, недалеку, невистина, незнаење итн.

Најчестата грешка која децата, но и возрасните ја прават е слеаното пишување на негацијата не со глаголи и глаголски прилог.

Негацијата не, не се пишува слеано со глаголот или глаголскиот прилог!

Пример:

глагол: не може, не знам, не умее, не пие;

глаголски прилог: не сакајќи, не знаејќи, не можејќи, не сфаќајќи.

Кога станува збор за пишување на придавки кои се во компаративна или суперлативна форма, формирани со префиксите по- и нај-, тогаш истите се пишуваат слеано!

Пример: поубав, најубав, послатка, најслатка, поумен, најумен.



(Аудио) Кирил и Методиј се враќаат – со црвени пенкала
Секој граѓанин должи 4000 евра, а има заштедено 5400 евра – во просек