ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.01.2022
Ѓоковиќ ја доби битката – сега за сега
Автор: Goce Author

Новак Ѓоковиќ ја доби правната битка во Австралија. Судот ја поништил одлуката на федералната влада во врска со укинувањето на неговата виза и депортација на најдобриот тенисер на светот.

Судијата Ентони Кели пресудил во корист на Ѓоковиќ по разгледувањето на целокупната документација која тој ја поднел и по жалбата која неговите адвокати ја поднеле до судот.


Новак Ѓоковиќ имал позитивен ПЦР тест на 16-ти декември, а на 17-ти постирал на Инстаграм промоција на поштенска марка


Интересно е тоа што сепак Ѓоковиќ нема за сигурно да игра на Австралија Опен, заради тоа што сега извршната власт, на чело со министерот задолжен за имиграциска политика, Алекс Хок имаат дискреционо право за укинување на визата на Новак.

Според одлуката, Ѓоковиќ треба да биде ослободен од притвор во рок од 30 минути и да му бидат вратени пасошот и личните работи. Воедно Австралиската влада треба да ја плати надоместување за времето поминато во притвор.

Фото: Tennis World USA

Со ваквата одлука се согласи и австралиската Влада, која призна дека не му дала доволно време на Ѓоковиќ да подготви одговор откако го известиле за намерата да му ја одземе визата.

Австралискиот вицепремиер Кристофер Тран изјави дека министерот задолжен за имиграциска политика, Алекс Хок, ќе размисли дали ќе ги искористи личните овластувања за да му ја одземе визата на српскиот тенисер.

Судијата Кели истакна дека одлуката на министерот ќе значи дека Ѓоковиќ нема да може да дојде во Австралија во следните три години, но дека и на оваа одлука е можна жалба.

Според одлуката на судот Новак ги понудил сите потребни документи кои во тоа време ги побарале властите на Австралија, а кои се однесуваат на изземање од вакцинација и дозвола за влез во земјата.

Адвокатите на Ѓоковиќ пред судот аргументирале дека тенисерот направил буквално се што од него побарале властите и тениската федерација. Судот очигледно се согласил со овој аргумент.

„Што повеќе можел да направи овој човек“, изјавил судијата Ентони Кели.


Во овој кафез сум девет години, вие се јавувате и ме прашувате за Ѓоковиќ


 

Хронолошки редослед на настаните:

  • 3 Јануари две независни комисии од Тениската федерација на Австралија даваат медицински исклучок од вакцинација против Корона вирус.
  • 4 Јануари Ѓоковиќ слетува во Мелбурн каде на 17-ти јануари почнува Австралија Опен, првиот грен слем во сезоната.
  • Истиот ден граничната контрола го задржува на испитување осум часови, тврдејќи дека нема соодветна виза за влез во земјата
  • После тоа тенисерот е преместен во хотел Парк во Мелбурн, кој е имиграционен објект.
  • 5 Јануари Австралискиот премиер Скот Морисон, рекол дека властите му дале одобрување за влез, за ден подоцна да ја коригира својата изјава, велејќи дека Ѓоковиќ ќе мора да ги следи правилата за влез во земјата.
  • 6 Јануари семејството на Новак одржува прес конференција каде тврди дека тенисерот го држат во заложништво и дека тој ги почитува сите услови за влез во земјата
  • Властите во Србија остро реагираат на целата ситуација и бараат „итен прекин на малтретирањето на тенисерот“ кој има и дипломатски пасош.
  • 6 и 7 Јануари се одржуваат протести
  • 7 Јануари властите ја укинуваат визата и на чешката тенисерка Рената Ворачова
  • 8 јануари адвокатите на Ѓоковиќ објавуваат дека тој прележал корона на 16 декември 2021 година
  • До сега во јавноста немаше информација дека Ѓоковиќ прележал корона во декември 2021 година, беше познато само дека тој беше позитивен на вирусот во јуни 2020 година
  • Неколку дена после последната инфекција Новак учествува на јавни настани во Белград – фотографии од некои настани беа објавени на социјалните мрежи

 

 

 

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски