
Играчката Huggy Wuggy стекна голема популарност низ целиот свет, па се повеќе деца бараат од нивните родители да им го купат ова „пријателче“. Сепак приказната за оваа играчка и не е толку наивна, колку што изгледа.
Photo by: .enjpg.com
Плишаната играчка Huggy Wuggy, направена по ликот од хорор видео играта „Poppy Playtime“, е сè попопуларна меѓу децата од најмала возраст. Станува збор за сино плишано со голема црвена уста и остри заби од игра која не се препорачува за деца под 12 години. И покрај тоа, мечето Huggy е сè попопуларно меѓу децата на возраст од градинка. Иако изгледа како пријателска маскота направена за гушкање, Хаги Вуги е опасно и грабливо чудовиште.
Видео играта за преживување е сместена во напуштена фабрика за играчки. Играчите мора да решаваат загатки додека ги лови Huggy Wuggy , а сето тоа е придружено со привлечната песна Free Hugs, па прочитајте дел од неа.
„Моето име е Huggy Wuggy,, тело бушаво и гушкање.
Нема да дојдеш да ме гушнеш?
Ме држи дење и ноќе, прегрни ме дење и ноќе.
Јас се викам Huggy Wuggy, острите заби ве оставаат крвави.
Ако никогаш не ме нарече грда!
Прегрни ме додека не умрам прегрни ме додека не умреш!
Знам каде се криеш се лизгате по вентилацијата.
Зарем не знаеш дека ќе те најдам? Каде и да шетате.
Чекам во темница. Нема спас, нема спас!“ …
Вака изгледа почетокот на песната на оваа играчка која направи бум низ целиот свет. Huggy Wuggy инспирираше многу корисници на YouTube да создадат пародии на морничавата песна кои иако не се наменети за деца, лесно се наоѓаат и слушаат. Приказната се прошири на социјалните мрежи и така на децата им стана невозможно да избегнуваат содржини поврзани со овој лик.
Пред некој ден инфлуенсерот Darko Vlogs имаше објавено прашање во врска со оваа играчка каде што следуваа коментари дека и децата кај нас се исто така доста заинтересирани за оваа играчка. Погледнете дел од нив:
Принтскрин од Инстаграм профил: Darko Vlogs
Принтскрин од Инстаграм профил: Darko Vlogs
Принтскрин од Инстаграм профил: Darko Vlogs
Играчката и видеата поврзани со овој лик може многу лошо да влијаат врз најмалите и нивното ментално здравје. На родителите им се советува да се едуцираат и да се потрудат да дознаат што користи нивното дете. Исто така, важно е да се знае мислењето на детето за одредена тема, во овој случај за Huggy Wuggy.
Дополнително, комуницирајте со вашето дете и кажете му дека сте таму. За жал, Huggy Wuggy не е првиот потенцијално штетен тренд, а нема да биде ниту последен. Отворените и искрени разговори со детето можат да му помогнат да се движи низ дигиталниот простор и игралиштето.