
Лицата кои треба да бидат во изолација поради заболување со Ковид 19 или контакт со заразено лице ќе бидат јавно објавувани.
Ова е одлука на Владата, со која се сака да се намали можноста за злоупотреба во перидот додека не се објави решението. Со тоа, властите се надеваат и дека ќе се намалат ризиците од дополнителен број на случаи позитивни на Ковид 19, бидејќи ќе се намали можноста за контакти со лицата кои се позитивни на короноа вирусот.
На вчерашната 10 седница, Владата донесе заклучок за начинот на изработување и доставување на решенија за изолација за лица кои се позитивни на КОВИД-19 или се контакти на позитивни лица.
Според новиот предлог, решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, при што нема да бидат објавувани лични податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за заштита на личните податоци.
Оваа измена се воведува поради зголемениот број граѓани за кои се определува оваа мерка и нејзиното намалено времетраењепоради намалениот број денови, а со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од мерката, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. Со новата методологија се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на КОВИД-19 .
За овој начин на доставување на решенијата граѓаните ќе бидат претходно известени преку телефонскиот број оставен во установата каде било извршено тестирањето, а ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните.
Потврда за објавено решение за самоизолација може да биде издадена и за потребите на Основното јавно обвинителство или друг јавен орган со надлежност за увид во решенијата за изолација.