
Граѓаните нема да плаќаат повеќе за пратките од ТЕМУ, смирува Министерството за финансии, откако беа донесени измени на Законот за ДДВ.
Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој граѓаните ги преземаат своите пратки од странство, вклучително и оние нарачани преку платформата ТЕМУ.

Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и досега.
Тоа значи дека граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при прием на пратката, ниту ќе има нова обврска за уплата.
ДДВ кој е веќе пресметан во цената го уплаќа овластениот шпедитер или поштенскиот оператор со кој платформата има договор.
Министерството за финансии уште еднаш потенцира дека со законските измени не се менува начинот на прием и царинење на пратките.
Како функционираат онлајн шопинг измамите: Ви продаваат погрешен производ, а потоа ве блокираат
Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за ДДВ. Со измдените се укинува ослободувањето за онлајн пратки со вредност до 22 евра.
Целта на овие законски измени се зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места.
Досегашниот систем дозволуваше можни злоупотреби – увоз на стоки ослободени од ДДВ кои понатаму се продаваа на домашниот пазар. Новите законски решенија ја спречуваат оваа пракса и обезбедуваат фер и контролирана пазарна средина.
Сепак, и после ова останува отворено прашањето дали фактот дека шпедитерите или поштенските оператори кои го плаќаат ДДВ нема да ги зголемат цените на своите услуги.