ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.09.2021
Мои дами, добредојдовте во 21 век! Од 301 кандидат за градоначалник, „дури“ 25 жени!

Политиката останува привилегија на мажите и во 21 век, а заложбите за поголемо учество на жените во политичкиот живот преку градоначалничките позиции и носечките места на советничките листи остануваа декларативни. Потврда за оваа поразителна вистина е прегледот на поднесените листи за избор на градоначалници и советници за Локалните избори 2021. Истиот тој преглед ќе потврди и дека Источниот регион пак некако традиционално диминира во оваа непопуларна пракса, и затоа можеби и не треба да не чуди што се уште и во најмали години и кај децата ги проектираме стереотипите за жени како домакинки, чистачки, готвачки….

Како поинаку, освен како поразителен да се толкува податокот дека во општините во источниот регион (заедно со Свети Николе, Лозово и Радовиш) , од вкупно 39 кандидати за градоначалници, само една (и со бројка – 1) е жена! Тој податок се вклопува и во пошироката слика, која се однесува на цела држава, каде од 301 кандидатура за градоначалници, 25 (или 8,3 %) одат кај припадничките на понежниот пол. И тоа би му дошло дека кога сите зборуваат за рамноправноста, застапеноста, е како кога некој нешто ви зборува, а вие бледо гледате низ него и во суштина слушате само „бла бла бла…..“

А дека статистиката е често пати „спасител“ на оние кои сакаат да ги претстават работите порозови (ако така им одговара), е одамна познато. Па така, оние кои сакаат да претстават дека кај нас се внимава на родовата застапеност, гордо ќе ви кажат дека на листите жените се зстапени со дури 44 %, наспроти мажите со 56 %.

И така погледнато, да, изгледа розово. Ама, цаката е во квотите – мора на листите да има 40 % припаднички на послабиот пол, и овде партиите речиси хируршки прецизно си ја одработиле работата. Се разбира, затоа што мораат. Арно ама, ако се погледне еден друг показател, се добива реалната слика. Од 576 поднесени листи, како носители на листите се појавуваат само 109 жени! А тоа е далеку од тие 40%, или точно 19 %. Зошто – затоа што не мораат!

На Истокот, малку, но сепак недоволно подобар податок – 26 % од носителите на листи се жени (од 53 поднесени листи за советници, како носителки се јавуваат 14 дами). Тоа е нашата реалност, која покажува дека за жалсамо декларативно сме за родова рамноправност, и иако сме во 21 век, во некои области сме заглавени можеби и во деветнаесетиот.

(Ако ве интересира, рекордер во овој поглед е општина Центар. Од десет листи за советници, верувале или не, на 7, носителки се жени. Случајност, исклучок кој можеби ќе стане правило…којзнае….)

 

35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ НИЗ БРОЈКИ: Дали денес живееме подобро од генерацијата во ’91-ва?
Истражување: Општото ниво на отвореност кај општините е во пад – Битола и Штип меѓу позитивните примери, Град Скопје и Тетово под просекот