ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
18.08.2021
Наставата на УГД ќе започне онлајн

Ректорската управа на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип донесе одлука за подготовка за организирање на онлајн настава во претстојниот непарен семестар од академската 2021/2022 година. Ваквата Одлука Ректорската управа ја донесе врз основа на анализата направена за време на изминатите семестри од кога започна спроведувањето на онлајн наставата, моменталната ситуација со пандемијата и препораките од надлежните институции. Од почетокот на пандемијатапа до крајот на парен семестар 2021 година сите активности се одвиваа онлајн, преку платформата Microsoft teams,  а УГД беше издвоен и како Универзитет кој најбргу се прилагоди на потребите кои ги наметна ситуацијата.

Моменталната ситуација со пандемијата покажува зголемување на бројот на новозаразени, ширење на сој кој што е позаразен од претходните, а и бројот на млади вакцинирани е на незабележително ниво, со што не се дава надеж дека бргу би можеле да се вратиме во предавалните. Во Одлуката исто така стои: „УГД не може со сигурност да предвиди кога повторно ќе можеме да функционираме нормално, но затоа можеме со навремено планирање и дисциплинирано следење на препораките и задолжувањата да бидеме подобро подготвени за наредниот непарен семестар 2021/22 година“

Ректорската управа дефинираше и конкретни активности со зададени рокови, кои треба да се преземат и завршат до почетокот на семестарот, и ги опфаќаат состојбата со учебници, наставата на Microsoft teams, распоредот за онлајн предавања, следењето на спроведувањето на онлајн наставата, онлајн полагања на колоквиуми преку е-учење, покриеноста на студиските програми, списоци со студенти за нареден семестар и отворање на курсеви на Microsoft teams,  и анкета на наставно научниот кадар и студенти за онлајн работење.

Инаку, во зависност од препораките од релевантни институции, Универзитетот ќе организира настава и други активности во обкјектите на Универзитетот со дополнително изработени сигурносни протоколи за работа.

Врз основа на сево ова, УГД наставата за непарен семестар 2021/22 година ќе се спроведува:

Теоретската настава, односно предавањата, индивидуалната настава и други облици кои се соодветни на специфичноста на наставно – научната и уметничката област, консултативно инструктивната настава, индивидуална студиска работа (истражување на литература, семинарски задачи, проектна работа), да се спроведуваат ОНЛАЈН 

-Практичната настава (вежбите, лабораториски, клинички) ќе се одвиваат КОМБИНИРАНО (онлајн и со физичко присуство во склад со здравствените протоколи) .

-За одржување на испитите, колоквиумите и другите форми на континуирана проверка, ФАКУЛТЕТИТЕ ЌЕ ИЗРАЗАТ СТАВ за начините на спроведување на истите. Постојат две опции за спроведување на овие активности – онлајн или со физичко присуство. Активностите организирани со физичко присуство мора да бидат со следење на сите заштитни мерки и моменталните ограничувања на ниво на држава и да бидат организирани во помали групи и на временско растојание. 

 -Испитите, колоквиумите, другите форми на континуирана проверка на знаењето и одбраната на дипломски, магистерски и докторски трудови за СТРАНСКИТЕ СТУДЕНТИ ќе се одржуваат единствено ОНЛАЈН.

– Одбраните на дипломски, магистерски и докторски трудови може да се спроведуваат КОМБИНИРАНО (онлајн или со физичко присуство) во зависност од периодот и моменталните ограничувања на ниво на држава, и тоа само во присуство на членови на комисија, кандидаторт и еден или два придружници. 

Инаку, Универзитетот Гоце Делчев – Шрип првиот уписен рок за запишување на нови студенти во академската 2021/22 година ќе го реализира на 25, 26 и 27 август, со почитување на сите протоколи и мерки за заштита од корона вирусот.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите