ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.08.2021
Не сте единствени што сакате да ги оставите цигарите. Еве како

Цигарите за првпат биле воведени во САД  во почетокот на 19 век. Пред тоа, тутунот се користел првенствено во цевки и пури, со џвакање и шмркање. Денес цигарите се една од најголемите зависности. Според најновите студии луѓето почнуваат да пушат цигари од рана возраст и зголемен е бројот на пушачи кои започнале да пушат цигари подоцна во животот.

Започнав да пушам од 13 години, ја запалив првата цигара бидејќи ми изгледаше интересно но денес жалам за таа одлука”, вели еден од нашите соговорници.

Цигарите создаваат зависност поради  никотинот што го содржат. Како и секоја зависност, предизвикуваат тешкотии при откажувањето.

Додека да ги откажам цигарите имав 8 неуспешни обиди. Едноставно не можев да издржам без да запалам цигара. Ми ги смируваше нервите”, вели поранешен пушач.

Еве некои препораки кои ќе ви помогнат при откажувањето на цигари:

  1. Најдете ја вистинската причина која ќе ви дава волја да продолжите кога ќе се почувствувате дека не можете повеќе.
  2. Спремете се за “денот” кога ќе ги откажете цигарите. Консултирајте се со својот доктор, посетувајте часови кои ја имаат оваа намена. Така ќе бидете спремни да се справите со кризите.
  3. Пробајте со книгата Easy Way To Stop Smoking од Алан Кар. Ја има по интернет и на српски.
  4. Побарајте поддршка од вашите пријатели особено кога имате криза.
  5. Бидејќи никотинот има смирувачко дејство се препорачува да најдете хоби кое ќе ве релаксира особено во првите неколку недели после откажувањето на цигари.
  6. Одбегнувајте алкохол.
  7. Исчистете го својот дом и кола за да го нема мирисот на цигари. Ако вашиот дом сеуште го има мирисот на цигари ќе ве потсеќа на цигари и ќе ви биде потешко.
  8. Одберете награда за себе бидејќи сте успеале.
Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица