Феминизмот е движење кое се залага за рамноправност меѓу мажите и жените на политички, социјален и економски план, а со своите почетоци датира уште од Античка Грција. Од тогаш, жените се избориле за значајни права без кои не можеме да си ја замислиме денешницата. Поважните од нив се правото на глас, правото на добивање еднаква плата со мажите и репродуктивните права како правото за абортус и користење контрацепција. Денес, феминизмот зазема светски рамки и речиси сите жени, па и мажи се поддржувачи на ова движење. Но, како функционира феминизмот во земјите во развој како што се Балканските држави?
Во интервју со неколку феминистки од соседните Балкански земји се дава увид за сликата и позицијата на жените на Балканот. Социо – антрополог од Косово изјавува дека е сѐ потешко за жените да бидат инволвирани во политиката и има многу малку жени кои се на некоја политичка функција. Причината за тоа се сѐ уште застарените и традиционални норми од околината, кои на некој начин ја ограничуваат позицијата на жената во општеството. Професорка за родови науки од Босна и Херцеговина пак, дава свој став во врска со проблемите за родова еднаквост и дека истите не се сериозно земени во предвид од институциите. Ова е значителен проблем кога доаѓа во прашање семејното насилство за кое полицијата е глува, а најмногу се залагаат некои невладини организации, но само во поголемите градови.
Вработена во Институтот за филозофија и социјална теорија во Србија истакнува дека има премногу насилство во нејзината земја, а особено е изразено насилството врз жени, кое некогаш резултира и со убиство.
Што се однесува до Република Северна Македонија, во последните неколку години жените се чувствуваат послободно за да пријават семејно насилство, но сепак наидуваат на проблеми со правната помош. Добра вест е што 38% од парламентот е претставен од жени со што е зголемено учеството на жените во политиката за разлика од пред 10 години. За жал, кај малцинствата сѐ уште постојат застарените традиционални вредности и феминизмот тешко продира. 1 од 3 жени сметаат дека единствена улога на жената е да биде само мајка и домаќинка. За таа цел постојат и многу невладини организации кои се стремат да ги едуцираат овие жени и да им помогнат доколку се соочуваат со нееднаквост и насилство. Неколку организации кои се справуваат со родовата нееднаквост и скратувањето на правата на жените во РСМ се:
-Association for Advancement of Gender Equality AKCIJA ZDRUZHENSKA – SKOPJE
-Coalition Sexual and Health Rights of Marginalised Communities Margins
-EcHO Educational Humanitarian Organization
-Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia
-Organization of women of municipality of Sveti Nikole
-HERA Health Education and Research Association
-Reactor – Research in Action
-National network to end violence against women and domestic violence
-Non-governmental organization KhAM
-Association Women’s Forum Tetovo
-Association for Protection of Worker’s Rights “Glasen Tekstilec”
-Association for Emancipation, Solidarity and Equality of Women