ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.08.2021
Со што се соочуваат адвокатите, особено жените адвокатки?

Адвокатската професија е една од најтешките професии, но дали е претставена во вистинската смисла? Полина Ѓорѓиjева од Битола, која е успешна адвокатка, ни открива како е да се биде адвокат, а особено со кои предизвици се соочуваат жените адвокатки во машкиот свет.

“Да се биде жена во доста машки свет, во една условно речено, машка професија, беше и дополнителен предизвик за мене, како поединец, но и како жена. Да се биде во првите борбени линии за остварување на оспорени или погазени човекови права, да се биде борбен гласноговорник на послабиот, бара и свои жртви, непроспиени ноќи, постојано “ажурирање” на правната литература, но пред се, нестрашливо верување во себе”, вели Полина.

Како се одлучуваат луѓето за оваа професија? Некои се инспирирани од жедта за правда, некои од желбата да помогнат. Полина била инспирирана од секојдневните правни борби на нејзиниот покоен татко кој бил еден од пионерите на македонската адвокатура. Кај неа се јавила желба за победа на правото.

“Адвокатурата е давање помош на обесправениот, послабиот, вдахнување на легалност во секојдневното живеење, и оплеменување и реализирање на основните човекови права. Адвокатот е неминовниот заштитник на човекот во едно општество”, вели Полина.

Многумина од младите сакаат да се занимаваат со право и сакаат да станат адвокати или адвокатки, Полина има совет за сите нив:

“На секој оној кој сака да го оди патот на адвокатурата, му давам несебичен совет – цврсто да чекори по словото на законот и бестрашно да се бори низ правните лавиринти”.

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите