ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.10.2021
ТикТок – апликацијата која ги „полуде“ младите

Познати личности, аниматори, инфлуенсери, боксери, актери… се само дел од луѓето кои ги следат еден куп фанови на ТикТок. Секое нивно ново видео е очекувано со нетрпение од милионите следбеници кои ги имаат.

Платформата која брои над 1 милијарда корисници е избор на забава, смеа и инспирација за се повеќе млади луѓе. Предноста кај оваа апликација е тоа што има краток видео формат, како и внимателен алгоритам, што ја прави мпогу поинаква од другите социјални мрежи.

Додека постарите генерации се навикнати на Фејсбук, голем број на младите од 16 до 26 години и даваат предност на оваа апликација. Следењето на трендови, модерниот изглед на видеата и уникатниот хумористичен зачин кој го има оваа апликација ја прават посебна и привлечна за се поголем број корисници.

Иако изгледа премногу лесно и едноставно да се снима и објави видео, младиот македонски тик токер Давор Арџиќ вели дека секое видео си бара посебна посветеност во зависност од неговата содржина.

Давор Арџиќ

  • „Вистина е дека многу луѓе сакаат да снимаат видеа на Тикток бидејки гледајки од страна изгледа дека е едноставно, но всушност не е. Прво е потребни да се осознае што луѓето сакаат да гледаат тој период во којшто се снима видеото. Второ осветлувањето мора да е беспрекорно за видеото да биде пријатно за гледачите. Потребна е секојдневна инспирација и енергија за тоа, иако многу луѓе мислат дека е лесно и дека секој може да го прави тоа како што мислев и јас, се додека не почнав да снимам.За некои видеа се потребни само 20 минути, додека на некои видеа јас и мојот едитор мораме со часови да седиме пред лаптоп и да едитираме.“ – вели Давор.

 Различните вкусови на луѓето се инспирација за тик токерите кои мора да креираат секогаш нови и интересни видеа со цел да ги насмеат и да ги задоволат очекувањата од следбеници, па го прашавме Давор за што најчесто му пишуваат неговите следбеници.

 

  • „Па на тикток има различни групи на луѓе и секој си сака нешто различно, некој сака танц, некој сака хумор, некој сака подготвување храна, некој влогови, па затоа не би можел да кажам што најмногу сакаат да гледаат луѓето. Обично најмногу ми пишуваат кога ќе споделам нешто приватно бидејки факт е дека луѓето најмногу сакаат да ја знаат приватноста на инфлуенсерот или било кој друг којшто јавно се пласира.“

 

Оваа апликација со милијарда следбеници ја прави поразлична од сите други, па затоа и креирањето на видеата си бара посебна концентрација. Без разлика дали го користите ТикТок како следач или креатор, забавата е загарантирана.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?