ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
19.01.2022
Ѓоковиќ купил компанија која развива лек за корона
Автор: Goce Author

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, купил 80 отсто од данската биотехнолошка компанија QuantBioRes, со цел да развие лек за коронавирус, изјави извршниот директор на компанијата за Ројтерс.

Фото: Tennis World USA

Извршниот директор на компанијата Иван Лончаревиќ, кој се опиша себеси како претприемач, рече дека инвестицијата е направена во јуни 2020 година, но одби да каже колкава е таа.

Quantum BioRes има 11 истражувачи кои работат во Данска, Австралија и Словенија, вели Лончаревиќ, нагласувајќи дека тие работат на третмани, а не на развој на вакцини.


Надал со апел за вакцинирање


Компанијата развива пептид кој спречува корона вирусот да зарази човечка клетка и очекува да биде на клинички испитувања во Велика Британија ова лето, додаде тој.

Ѓоковиќ пред неколку дена се врати во Белград откако австралиските власти не му ја одобрија визата и учеството на Австралија опен, првиот Грен слем во сезоната.

Тој во Мелбурн дојде со медицинско ослободување од задолжителната вакцинација, што беше еден од двата услови за учество на тенискиот турнир.

Новак и Јелена Ѓоковиќ меѓу директорите на Quantum BioRes

Но, по десет дена тој беше депортиран врз основа на пресудата на тричлениот совет на Федералниот суд, врз основа на одлуката на министерот за имиграција, Алкекс Хок, да му ја одземе визата на Ѓоковиќ, што е дискреционо право на член на австралиската влада.

Quantum BioRes е регистриран во јуни 2020 година со намера да произведува фармацевтски лекови и препарати.

Меѓу имињата на директорите се и Новак и Јелена Ѓоковиќ.

Светскиот тенисер број еден предизвика глобална дебата за правата на оние кои одлучија да не се вакцинираат против коронавирусот.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието