ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.12.2021
Ѓоргиева: “Денес сме многу поблиску од било кога до филмската индустрија на Запад”

Сандра Ѓоргиева е дипломирана монтажерка, а се занимава и со режија. Љубовта кон филмската индустрија и се родила уште од мали нозе и својата едукација ја започнала во Штип, а потоа и во Скопје. Нејзиното име и работа се познати за македонската јавност.

“Секогаш велам и цврсто верувам во тоа дека тој кој сака да работи, нема да му е тешко да си најде работа. Само треба да има интуиција да го пронајде тоа што навистина го сака. Јас вложував доста труд и време на факултетот, посветена сум на сѐ што работам професионално и не можам да се пожалам за работа. Дали е доволно ценета професијата на овие простори, тоа секој различно ќе одговори субјективно. Колку што луѓето знаат се до последен детал што се случува во политичкиот свет, треба дупло повеќе да знаат што се случува во уметничкиот свет. Тоа не се случува.” ,вели Ѓоргиева.

Сандра Ѓоргиева

Mладата и успешна режисерка има работено на многу музички сценски перформанси, македонски музички спотови, но и на познатите македонски филмови и серии. Има и неколку свои филма кои освоија значителни награди.

За нејзиниот мјузикл “Црно и бело” и соработката со Јелена Јованова таа вели: “Тоа ми беше дипломскиот филм и беше дефинитивно  едно од тие искуства од  кои многу може да се научи.  Се впуштивме во една авантура за која не знаевме како ќе излезе.  На снимање беше забавно, со музика, со танц, но секако доколку понатаму снимам пак мјузикл, се надевам дека би било во многу подобри услови и со поголем буџет. Јелена е исклучителна и како актерка и како личност. Фактот што живееме во две различни држави за време на подготовките на проектите никогаш не било проблем баш поради тоа што таа е голем професионалец, вредна и одговорна. Годините и искуството не значат толку колку односот на актерот кон проектот и кон екипата. Секогаш бирам да работам со прво одговорни професионалци кои имаат страст кон професијата, сѐ друго ми е секундарно. ”


Македонија има кандидат за „Оскар“


Неодамна голем успех освои и со краткиот филм “Еден тон сладолед” на Сараевскиот филмски фестивал.

“”Еден тон сладолед” ми е дебитантски филм со поддршка од Агенција за Филм, во ОХО продукција. Тоа беше едно одлично искуство. Сараевскиот фестивал е еден од најпознатите и најстарите фестивали во регионов и самото тоа што филмот успеа да влезе таму сѐ уште незавршен, туку на база на сценарио  значи многу. Во моментов сум во фаза на пост продукција на истиот и се надевам ќе може да се гледа во блиска иднина. Приказната е ми е исто доста лична и се надевам ќе допре и до публиката. Имав прекрасно искуство да работам со млади деца кои  досега не биле пред камери, и тие беа толку посветени, толку одговорни.”, вели Ѓоргиева.


Отворен конкурс за фестивал на краток филм – „Филмај 2022“ во Куманово


Режисерката исто така работи и во постпродукција на серијата “Преспав”, а за новата сезона која започна да се емитува во понеделник, кажа дека до сега и е најомилена. Работата на “Преспав” секогаш ја исполнува со смеа и забава, а верува дека ист ефект ќе има и кај публиката.

За крај, таа кажа и дека денес сме и чекор поблиску до развиената филмска индустрија како на Запад. Сепак треба да се вложат уште реформи и труд за да го достигнеме тој врв.

“Секоја година учествуваме со наши филмови на реномирани фестивали. Многу ми е драго поради тоа, и поради тоа што живеам во ова време на нашата филмска индустрија. За да продолжиме и да станува сѐ подобро, треба да се сврти фокусот кон филмската, театарската дејност, општо уметноста да стане почеста тема на разговор меѓу народот, повеќе финансии да се вложуваат тука, повеќе студенти да појават интерес кон ова и тие да стануваат похрабри и погласни за темите за кои што сакаат да зборуваат.”, порача Ѓоргиева.

Претставата „Се случи еднаш во Женева“ со премиера во Народниот Театар Штип
Макфест 2024 – се е подготвено за старт