ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.09.2024
Јаневска: Образовни асистенти за учениците во средните школи ќе има од јануари
Автор: Goce Author

Учениците со попреченост во средното образование ќе добијат образовни асистенти, објави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Министерката најави дека се подготвуваат измени во законите за основно, средно и средно стручно образование, кои ќе вклучуваат обезбедување асистенти за средното образование, нешто што досега не беше воведено.

„Законот ќе биде разгледан наскоро, потоа ќе следи процедура за одобрување од Владата и поднесување до Собрание. Очекувам асистентите да започнат со работа најрано во јануари 2025“, рече Јаневска во одговор на новинарско прашање.

Измените во законите ќе овозможат асистентот да го придружува ученикот низ целото образование, освен ако потребата престане, ако асистентот замине или ако родителите побараат друг асистент.

Јаневска на 5 септември информираше дека за оваа учебна година се обезбедени 815 образовни асистенти, додека за преостанатите 200 асистенти се чекаше на ребалансот на буџетот за обезбедување на средства.

„Студентски отпор“ реагира на новите повисоки трошоци за студирање
Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31 декември