
Токио се гуши од пренаселеност, а јапонската влада во обид да најде решение им нуди на семејствата пари ако се иселат во внатрешноста.
Photo by Gregor Meier on Unsplash
Јапонската влада понуди стимулација од 7.500 долари по дете на семејствата кои се иселуваат од Токио.
Тие го понудија тој поттик во обид да се запре падот на населението во другите неразвиени региони, пишува Гардијан.
Оваа такса е повеќе од тројно од претходната такса за преместување и ќе биде воведена во април, јавуваат јапонските медиуми.
Мерката е дел од обидот да се вдахне живот во градовите и селата каде населението се намалува, пишува Гардијан.
Според британскиот весник, населението во Токио се намали за прв пат минатата година, што се објаснува со пандемијата на коронавирус. Креаторите на политиката веруваат дека треба да се направи повеќе за да се намали густината на населението во главниот гра. Луѓето треба да се охрабрат да започнат нови животи во „непопуларни“ делови од земјата. Тоа се региони погодени од падот на населението и миграцијата на помладите луѓе во Токио, Осака и други големи градови.
Од Македонија ги иселило безнадежноста и системските недостатоци – дали може нешто да ги врати?
Исплатата, која може да достигне максимум 23.000 долари, ќе биде достапна за семејствата кои живеат во 23 „централни“ области на Токио и соседните префектури Саитама, Чиба и Канагава.
За да ги добијат бенефициите, семејствата мора да се преселат надвор од поширокото подрачје на Токио. Некои би можеле да добијат компензација за преселба во планинските области на територијата на градот, објави новинската агенција Кјодо.
Photo by Guillermo Pérez on Unsplash
Околу 1.300 општини, околу 80 отсто од вкупниот број, се приклучија на оваа иницијатива. Тие се надеваат дека ќе ја искористат промената во ставовите на јавноста кон квалитетот на живо. Оваа промена доби особен замав за време на пандемијата, кога повеќе луѓе ги открија придобивките од работа на далечина.
Семејствата кои се надеваат дека ќе обезбедат лесен приход и ќе се вратат во главниот град би можеле да бидат разочарани, бидејќи мора да живеат во своите нови домови најмалку пет години, а еден член на домаќинството мора да биде вработен или планира да започне нов бизнис во таа средина, додека оние кој би се иселил пред крајниот рок мора да ги врати добиените пари, пишува британскиот весник.
Половина од средствата за оваа иницијатива, чија цел е да се преселат 10.000 луѓе од Токио во руралните области до 2027 година, се обезбедени од јапонската влада, а другата половина од локалните општини, објави Кјодо.