Љубенка Ордева е студент 5 година на Факултетот за Медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. По повод 9 ноември, Денот на ослободувањето на градот, во Велес секоја година се одржува настан на кој се доделуваат награди. Една од нив е и онаа за нај-студент „Проф. Д-р Ѓорѓи Шоптрајанов„, која оваа година заврши во рацете на Љубенка.
Критериуми за оваа награда се:
Кон предлогот се доставува:
Наградата е ограничена само на жителите на Велес
Како студент со 9.82 просек, Љубенка ни посочи некои совети кои и помогнале нејзе на патот кон успехот.
„Успехот го постигнав со многу труд. Секогаш се вложувам максимално за секој предмет. Истрајна сум и упорна во она што го правам и тоа е клучно за постигнување на целта. Мој совет кон помладите колеги е да веруваат во себе и да чекорат по патот кон успехот. Учењето можат да си го олеснат со тоа што секој ден ќе им биде однапред организиран и секогаш да се раководат според планот. За да го постигнам овој успех жртвував многу од моето слободно време, си го скратував спиењето и времето за одмор ама на крај секогаш вложениот труд се вреднува.“, вели Љубенка.
При совладување на обемни материи, ова се неколку од триковите кои студентката ги користи:
Нормално како и секој студент, и таа имала потешкотии при учењето на одредени предмети кои барале многу непроспиени ноќи и стрес.
„Најтежок премет за совладување ми беше Микробиологија со Паразитологија. Материјалот беше обемен и испитот се состоеше од два дела. Практичен дел и устен испит. Потребно беше да се научат многу микроорганизми и детали за да се положи практичниот испит, а соодветно на тоа и завршниот испит. Го положив со многу учење од прв пат.“, вели Љубенка.
Како најинтересен, студентката го издвојува предметот Онкологија со радиотерапија. Механизмот за настанување канцер клетки, факторите на карциногенеза и третманот на малигни заболувања и го привлекле вниманието на Љубенка.
Во иднина таа се гледа како успешна докторка во нашата држава.