ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.11.2021
Љубовта кон животните – инспирација за трилогија

Секој од нас има посебна љубов кон некое животно, а Викторија Јованова од Гевгелија има љубов кон коњите, толку голема што ја инспирирала да почне со пишување на книги. Родена во 2006 година, уште од мала покажала интерес кон уметноста и пишаниот збор, па еве сега го пишува и третиот дел од книгата „Луна“.

-„Летото во 2019 почнав да ја пишувам „Луна 2“ која е продолжение на „Луна“. Во книгата станува збор за девојчето Кејтлил кога заминува на островот Јорвик со својата мајка. Додека престојуваат на островот се опкружени со коњи кои и носат многу авантуристички моменти и ја доведуваат до Луна.“ – вели Викторија.

Заради големата бараност и успешноста на книгите, Викторија го пишува и третото продолжение на „Луна“, но ни откри само дека во овој дел ќе има многу драматични елементи и ќе се случи нешто неочекувано, па останува да чекаме.

-„Оваа ми е прва, но мислам дека и единствена трилогија.“ – вели Викторија.

(Прочитајте и: Топ 10 најчитани книги )

Двете книги беа презентирани во Гевгелија во библиотеката „Гоце Делчев“, а Викторија вели дека чувството е толку добро што не може да се искаже со зборови. Поддршката од нејзините најблиски и љубовта кон омиленото животно ги преточи во преубави пишани зборови кои мора да се прочитаат.

Нас ни останува да го почекаме и третиот дел од „Луна“, па да добиеме една целосна слика што и се случило на Кејтлил и како ќе заврши нејзината авантура на островот.

 

Казните за злосторства над девојчиња и жени мора да се повисоки
Здравствени политики за сите