ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.02.2022
Ќе го промени ли пандемијата високото образование?

Двете години пандемија комплетно го променија образованието, генерациите кои сега го стекнуваат своето образование ќе ги паметат како нешто уникатно.

Ако се бара зборот кој најмногу ќе им асоцира на нив, тоа е секако зборот „онлајн“. Студентите се последните кои засега уште остануваат на онлајн настава, а за волја на вистината, самите студенти според анкетата која беше спроведена го менуваат расположението. На почеток на пандемијата, им пречеше што наставата ќе биде онлајн и бараа физичко присуство, за сега, пред почетокот на летниот семестар, повеќе да се за идејата наставата да продолжи онлајн. Интересно е и дека се јавуваат и различни мислења за тоа каков квалитет на знаења добиваат студентите, но од друга страна се и генералните тенденции онлајн наставата да стане постојана опција кога станува збор за високото образование. Тоа на некои светски, реномирани универзитети веќе е случај, а се чини Пандемијата само со поголема силина го исфрли тоа прашање на површина.

Во емисијата „Соба за дискусија“ разговараме токму на темата дали пандемијата го постави прашањето на наставата на далечина како постојан концепт во образованието, дали ова влијае на квалитетот на знаења кои ги добиваат учениците и студентите, колку стручниот кадар беше подготвен за новите предизвици…

Проследете го разговорот на овие теми со проректорот за настава на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Мишко Џидров.

Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Светски ден на здравјето 2025: „Моето здравје, моето право“