ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.06.2022
Џони Деп vs Амбер Херд – Бракоразводно судење, панаѓур или бизнис?

Колумна


Понекогаш си мислиме дека барем еден ден, еден месец би сакале да живееме како некој познат/а актер/ка пејач/ка или било која мега популарна личност на планетава Земја. Па од таму идеите дека популарните се и многу богати па имаат јахтички, колички, островчиња, жени/мажи колку сакаш и на нив животот им е многу убав.

Дали е тоа така? И што ни покажа низ слики, видеа, судење тужбата за клевета од страна на Џони Деп против Амбер Херд? Веројатно дека тие славни личности исто имаат недоразбирања во домот, не се среќни како што изгледаат. Не се ниту толку убави ако не се нашминкани ко за на црвен килим. А прават многу непромислени работи позади камерите. Замислете не се ни толку богати, ете Амбер нема пари да му ја исплати отштетата на бившиот сопруг. Оштетата се брои во милиони долари.

Амбер Херд ќе биде во продолжението Аквамен 2, но со ограничено време од 10 минути

И не, ако мислевте дека само овде паровите се разделуваат како сапуници, еве доказ дека колку поголема слика, поголем панаѓур. Колку повеќе пари во игра поголем бизнис. А кога сме кај бизнисот Џони по судењето може да се врати директно на холивудската А-листата и да стане најплатениот актер на сите времиња. Едно шише парфем кој тој го рекламира се продава за 150 долари и тоа на секои три секунди.

Од женски/феминистички аспект можеби ќе се лутат супер феминистките ама некако повеќето како да навиваа за „машката страна“. Тик ток постојано беше полн со видеа кои ја исмејуваа Амбер и нејзината наводно лоша глума и громогласен аплауз се слушна кога ете таа загуби. Немаше многу гласни здруженија за права на жените, жртви на насилство, овде не се играше на таа карта. Веројатно правдата си го најде патот.

Одбраната тврди дека ќе ја обжали пресудата велејќи дека „Поротата е под влијание на социјалните мрежи а Амбер нема пари“. А социјалните мрежи подготвени ја чекаат жалбата да имаат со што да се занимаваат уште извесно време.

Да испукаме пуканки друштво, пак ќе ни требаат!!

Најчитаните текстови на ГОЦЕ.МК за 2023 година
Во која држава од регионот се пие најмногу пиво?