ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.09.2022
10-те земји од ЕУ со најдобра покриеност со „5G“ и топ 3 во светот
Автор: Goce Author

Заводот за статистика на Европската унија, Евростат, објави податоци за покриеноста со брз интернет (5G) во унијата. Меѓу другото, објавени се податоци за десетте земји со најдобра покриеност. Рангирањето на десетте земји со најдобра интернет покриеност е следна:

  • Малта, каде што сите домаќинства имаат брз интернет;
  • Луксембург, каде што 96 отсто од домаќинствата имаат брз интернет;
  • Данска, каде што 95 отсто од домаќинствата имаат брз интернет;
  • Шпанија, каде што 94 проценти од домаќинствата имаат брз интернет;
  • Латвија, каде што 91 процент од домаќинствата имаат брз интернет;
  • Холандија, каде исто така 91 процент од домаќинствата имаат брз интернет;
  • Португалија, каде што 91 процент од домаќинствата имаат и брз интернет;
  • Ирска, каде што 89 отсто од домаќинствата имаат брз интернет;
  • Исланд, каде што 89 отсто од домаќинствата имаат и брз интернет;
  • Романија, каде што 87 отсто од домаќинствата имаат брз интернет.

5G – вистинска опасност или станува збор за дезинформации?

На светско ниво првите три места во покриеност со 5г интернет се:

  1. Кина
  2. Јужна Кореа
  3. САД

Во текот на минатата година, 70 отсто од домаќинствата во ЕУ имаа покриеност со голема брзина на Интернет. Тоа е значително зголемување во однос на 2013 година, кога беше само 16 проценти. Целта на Унијата е до 2030 година сите домаќинства да имаат брз интернет и покриеност со 5G мрежа.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање