ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.04.2022
100 маратони за 100 дена за актуелизација на судбината на бегалците
Автор: Goce Author

Англичанката Кејт Џејден истрча 100 маратони за 100 дена и постави светски рекорд во женска конкуренција. Таа трча секој ден од 1 јануари и има поминато вкупно 2.620 милји (4.216 километри). Џејден влезе во историјата на спортот минатата недела кога го заврши маратонот во Брајтон. Претходниот рекорд меѓу спортистите го држеше Американката Алис Кларк, која истрча 95 маратони за 95 дена.

Kate Jayden

„Се чувствувам како да сум за геријатрија. Привилегирана сум што го поминав овој пат и што многу луѓе ми се јавија да ми кажат дека успеав да ги инспирирам и нив“, изјави Џејден по трката.

На 1 јануари, Џејден тргналa на патување долго 4.216 километри, а тоа е растојанието што би го поминале бегалците од Алепо во Сирија до Велика Британија. На тој начин спортистката сакала да го сврти вниманието на јавноста за проблемите со кои се соочуваат бегалците. Тогаш сфатила дека ќе трча секој ден во следните 100 дена и ќе го собори светскиот рекорд доколку истрае во својата намера.

„Тоа ме поттурна напред“, објасни таа. „Главното беше патувањето од Сирија, а јас плачев бидејќи знам колку пари се собрани. Токму на тоа размислував кога поминав низ целта“, истакна Џејден.

Менталната храброст и упорноста и помогнале да се крева повторно секој ден.

„Моето мото беше – не дозволувај некој да ти каже дека не можеш да направиш разлика“.

Џејден, која го документирала целото патување на социјалните мрежи, со овој предизвик собрала речиси 25.000 фунти за добротворни цели. Таа рече дека сега ќе одмори само една недела пред повторно да започне со тренинзи за предизвикувачкиот триатлон Дека во јули, во кој ќе плива 24 милји, ќе вози велосипед 1.120 милји и ќе трча 262 милји.

„Ќе направам пауза оваа недела за да се одморам и опоравам и полека повторно да воведам возење велосипед и пливање и ќе се фокусирам на тоа некое време“, рече таа.

Таа претходно изјави дека го прифатила предизвикот да се турка напред и да ја претставува ЛГБТ заедницата, а исто така да ги охрабри другите жени да спортуваат. Џејден можеби ќе треба да чека речиси една година за нејзиниот рекорд да биде потврден од Гинисовата книга на рекорди.

Предизвиците на боречките вештини преку призмата на поранешниот државен првак
Во Виница свечен пречек за бронзениот кик-боксер Лука Змејковски