ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.10.2021
111 милиони прегледи на Squid Game за еден месец

Squid Game станува најпопуларната серија на Netflix со 111 милиони прегледи во првиот месец!

Серијата е снимена во Јужна Кореја и станува збор за луѓе кои играат серија игри со чија победа би освоите околу 40 милиони американски долари.

 

Оваа серија го достигна врвот на гледаност во првите 28 денови по излегувањето на Netflix со неверојатен број од 111 милиони гледачи, со што ја надмина гледаноста на драмата Bridgerton со 88 милиони гледања во првиот месец.

Squid Game ја раскажува приказната за група на очајни луѓе кои се приклучуваат во шоу за игри со цел да избегнат сиромаштија, криминал, долгови… Игрите се едноставни и детски, ама доколку некој изгуби, ќе мора да умре.

Според CNN оваа серија е број 1 на топ 10 листата за стриминг во 94 земји ширум светот, а што е уште поинтересно ова е првото корејско шоу кое стана најпопуларно во САД.

Minyoung Kim – потпретседател за содржината на Netflix во Кореја изјави: „Кога започнавме со инвестирање во корејски филмови во 2015 година, знаевме дека сакаме да направиме приказни од светска класа за сите наши фанови. Денеска оваа серија ги проби сите наши најлуди сонови. “

Netflix кој има 209 милиони клиенти на глобално ниво, смета дека оваа серија се гледа на секои две минути од различни гледачи.

Squid Game е споредена со други серии како што се: Black Mirror и The Hunger Games, но режисерот цврсто стои на тоа дека оваа серија е оригинална идеја која почнала да се развива во 2008 година.

Дали вие ја имате гледано оваа серија која направи бум во светот?

Squid Game On Track To Become Netflix’s Most Popular Show Ever (thegamer.com)

Squid Game becomes Netflix’s most popular series launch with 111m viewers in first month | Ents & Arts News | Sky News

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?