ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.09.2021
15 години од смртта на великанот Петре М. Андреевски

Денес, навршуваат 15 години од смртта на великанот на македонската современа книжевност, Петре М. Андреевски.

Поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Пишувал раскази, романи, драми и филмски сценарија, но посебна длабочина имаат неговите стихови. Сите негови дела, не само што ја променија свеста за литературата кај македонските читатели, туку ја променија и македонската критичка свест.

Неговиот роман „Пиреј“ е прогласен за ремек-дело на македонската современа проза од страна на македонската литературна критика. Стихозбирката „Дениција“, означена како химна на комсичката љубов, на жената, татковината, се издигна на пиедесталот и е класифицирана како златна книга на македонскиот модернизам.

Делата на Петре М. Андреевски се преведени на повеќе јазици, доближувајќи го до странската читателска публика како поет на метафората и алузијата, на јазичната игра и носталгичноста.

Поезијата на Петре М. Андреевски е за оние што знаат да љубат…За оние што ја доживеале и оние што ќе ја доживеат допрва.

 

 

Здравствени политики за сите
Институционалното насилство врз трансродовите лица сериозен проблем