
Четири години по ред 16 годишниот Антонио Дамјановски од Битола е државен првак во Мотокрос. Станува збор за моторска трка која се одвива на посебни планински терени кои засега такви ги има само во Битола , Прилеп, Скопје, Гевгелија и Велес.
Со првото место се збогатил во годините 2019, 2020 и 2021 со што станал троен првак во државата по што во 2022 во категоријата следувала и наградата „златна кацига“.

Антонио Дамјановски
Антонио својата заинтересираност кон овој спорт ја покажал уште на 11 годишна возраст од кога и почнал да тренира, а по неговите стапки тргнала и неговата 12 годишна сестра Ева. Тој вели дека ваквиот спорт е практика во Битола уште од многу одамна што потврдува и неговата мајка која уште од мала ги гледала трките. Во почетокот таа вели дека не и било сеедно нејзините деца да се натпреваруваат во вакви трки, но со тек на време успесите и гордоста кои и ги донеле и го промениле мислењето.
Таа вели дека не ја плаши она што околу неа се само момчиња, туку напротив се чувствува горда и на некој начин ги крши стереотипите дека ова е само „машки“ спорт. До сега таа има учествувано на три трки, а се надева дека ќе постигне успеси како и брат и.

Ева Дамјановска
Освен во регионот , Антонио веќе 3 години по ред и повеќе од 20 пати се има натпреварувано и на трките организирани во Балканот. Вели дека за разлика од ситуацијата во Македонија, на Балканот овој спорт е далеку поразвиен со повеќе можности.
Антонио и Ева трките и тренинзите ги опишуваат како тешки бидејќи тренираат неколку дена во неделата на своја рака поради малкуте тренери во Македонија.

„Кога веќе еднаш ќе седнеш на моторот, не знаеш што ќе ти се случи. Не знаеш дали ќе паднеш, дали ќе погрешиш или пак ќе победиш. Не се плашам од паѓањето или пак од грешките, се плашам бидејќи не знам што следно ќе се случи, а можеби тоа е и највозбудливиот дел.“, вели Антонио.
Спортот не го опишуваат како добро познат во Македонија, напротив сметаат дека многумина од младите воопшто и да не слушнале за ваквите можности, а подршката од државата како и спонзорствата се минимални.

Ваквиот спорт го опишуваат и како можеби меѓу најскапите бидејќи потребната опрема како чизми, кацига, посебно одело, мотор , бензин чини многу. Подготовките пред една трка траат неколку месеци пред почетокот, а веќе кога ќе започне трката бидејќи најчесто се работи за планински предел, тие се принудени да кампуваат. Двајцата млади се членови во клубот „Ендуро тим Водно“- Скопје. Тие сметаат дека со поголем ангажман и промоција на спортот тој може да просперира и на нашите простори.