ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
27.03.2024
17 години УГД – темелна работа во интерес на студентите
Автор: Goce Author

17 години од постоењето одбележа Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип со Свечена академија, во знак на  Денот кога е донесена одлуката за основање  – 27 март.

Ректорот на УГД, проф. Д-р Дејан Мираковски рече дека со гордост можеме да зборува за поставеноста на Универзитетот во рамки на државата и регионот. Фокус е креирањето прифатливи и солидни услови за студирање на нашите студенти, а значајна цел на Универзитетот „Гоце Делчев“ како силна алка на македонскиот образовен систем е и зајакнување на капацитетите и можностите на приватниот сектор, преку создавање квалитетен кадар кој би излегол на пазарот на трудот.

Југоисточниот дел на Македонија веќе седумнаесет години е центар на современото високо образование. Центар во кој се вкрстуваат точките на квалитетната и применета едукација, сериозни научни потфати и современи пристапи.

Овој пат, кон денес веќе успешен млад Универзитет, не беше лесен. Истиот подразбираше многу труд, пожртвуваност, но и верба дека само со упорност и одговорна работа, поставената цел може да се достигне. Вложен е сериозен човечки потенцијал, умствен и физички напор, надополнети со чувство на гордост, дека се гради и создава значајна вредност, како за регионот, така и за државата во целина.

      Нашиот примарен фокус е креирањето прифатливи и солидни услови за студирање на нашите студенти, но и отворање канали за комуникација со голем број светски Универзитети на кои студентите би заминале во рамки на најразличните програми за размена. Со тоа сакаме да им го отвориме и покажеме патот на младите луѓе, движечката сила за иднината на нашата земја, за спознавање нови светови и стекнување подлабоки знаења и животни искуства. Преку широко разгранетата мрежа од над 400 соработки со универзитети од Европа и светот, УГД станува платформа за студентите кон светот на знаењето и науката.

УГД 17 години оди по патот на развој во интерес на студентите

Таквата поставеност како индивидуална и колективна особина, потоа лесно се препознава како вредност, особено од студентите коишто се и остануваат да бидат нашиот врвен приоритет. Ние сме моделот на кој тие се огледуваат, кому му веруваат и од кој учат. Затоа, да се обидеме да бидеме пример кој е достоен да се следи и заедно и со успех, следната година да го прославиме и полнолетството на Универзитетот „Гоце Делчев“ – изјави Ректорот проф. Д-р Мираковски на Свечената академија.

Како претставник на студентите се обрати Сара Денкова, Претседателка на Универзитетско студентско собрание.

„Упатувам порака до младите и до професорите на УГД, – денес стојам пред вас со иста цел како и минатата година, со желба да го пренесам гласот на младите во однос на високото образование, да ги инспирирам и поттикнам младите на нивниот образовен пат, кој иако неретко е и тежок, сепак е највреден за нив ната иднина. Високото образование го нуди токму тоа – иднина за студентите, но и за општеството во целина.

       На почетокот на високото образование, во нашата младост и ентузијазам секогаш имаме големи желби и идеи кои сакаме да ги преточиме во големи дела. Високото образование ни помага овие неоформени идеи и желби да добијат јасна форма. Не учи како да правиме планови кои ќе ги остваруваме, не опремува со потребното знаење, ни создава ни создава мрежа од пријателства и познанства, а водено ни покажува дека за да успееме во било што, потребно е да го развиеме својот карактер со вредности како што се посветеност, доследност и истрајност.

Студентите бираат мудро, делуваат храбро

Нашите професори не учат да бидеме промената која сакаме да ја видиме утре. Во светот о кој живееме, нам, младите, навистина ни се потребни вакви двигатели на мислата и делата, кои од нас создаваат мислечки и зрели личности, какви што треба да бидеме.  Да бираме мудро, да делуваме храбро. Токму така како што секојдневно не учите“ – рече Сара Денкова.

Со пофалници и вредносни ваучери од 10.000 денари беа наградени 18-те студенти со највисок просек за академската 2023-24 година, а благодарници им беа доделени на универзитети, институции и компании со кои УГД оств арува одлична соработка.

Во рамките на одбележувањето на 27 март, студенти од Факултетот за медицински науки на неколку локации во Штип вршеа бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок на граѓаните.

Одбележувањето на Патрониот празник на УГД ќе продолжи и во четврток, 28 март, кога во 11 часот во Ректоратот на УГД ќе бидат доделени дипломита на докторандите, а во 19 часот во Мултимедијалниот центар на УГД ќе се одржи седмото издание на Ораторските вечери.

Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
Деновите од изборите учениците ќе ги одработат