Книги кои се на листата на најпознати, изгледа се и на листата на оние за кои луѓето лажат дека ги прочитале. Веројатно, за да изгледаат попаметни, попривлечни…
Знаете за што се работи, ги знаете ликовите, сте го гледале филмот… исто како да сте ја читале книгата, нели? Па, се чини дека многумина мислат така, бидејќи анкетата на Би-Би-Си пред неколку години покажа дека голем дел од луѓето се преправаат дека прочитале одредена книга кога во реалноста не ја ни допреле.
Онлајн анкетата понатаму наведува дека четвртина од луѓето се спремни да лажат за одредени книги што мислат дека требало да ги прочитаат за да изгледаат попаметни, попривлечни и да се вклопат во општеството. Дури 40 отсто од луѓето рекле дека нивната најважна причина за лажење е да избегнат да бидат изоставени од разговор, а нешто помалку од една третина рекле дека лажат за да изгледаат поинтелигентни.
Истражувањето, во кое беа анкетирани 2.000 испитаници во Британија, ги искористи информациите за да ги рангира насловите за кои повеќето луѓе лажат по редослед. Веројатно очекувано, на листата се Толстој, Чарлс Дикенс (дури и три пати), но има и неколку „модерни“ изненадувања како „Педесет нијанси сиво“ или серијата Хари Потер.
„Луѓето се поподготвени да се согласат дека читале класични романи, бидејќи на тој начин изгледаат поинтелигентни во општеството. Сепак, дури 42 отсто од нив своето знаење за класиците го темелат на ТВ адаптациите и филмовите, или заплетите што ги наоѓаат на Интернет“, се наведува во извештајот.
Еве ја комплетната листа, па можете да преброите колку пати сте згрешиле.
19 „Финта 22“, Џозеф Хелер