ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.09.2024
„Во ист ритам“ – ХЕРА и Холандска амбасада за родовата еднаквост
Автор: Goce Author

„Во ист ритам“, кампања за подигање на јавната свест за родовото насилство започна ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација.

Сите млади треба да имаат еднакви услови за учење, изразување и личен раст. Тогаш тие можат да ги ослободат своите потенцијали и да придонесат кон градење на посилно и поинклузивно општество. Нивната уникатност не треба да биде причина за дискриминација, туку за почит и поттик за заеднички напредок.
      Важни се вредностите што ги носиме во себе, вештините што ќе ги развиеме, знаењето што ќе го добиеме, свесноста и прифаќањето на различните, а не која е нашата родова припадност. Доколку работиме заеднички, ќе увидиме дека нашите разлики не треба да бидат причина за поделеност.
       Ова се дел од клучните пораки кои беа упатени на отпочнувањето на кампањата „Во ист ритам“ за подигање на јавната свест за родовата еднаквост, која во следниот период ќе ја спроведе ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација со поддршка на Холандската амбасада во Северна Македонија.

Амбасадорката на Холандија, Узлем Џанел изјави дека „Холандија е убедена дека едно општество може да напредува и да се развива само кога вклучува колку што е можно повеќе различни групи“.

Во ист ритам треба да се слуша секој глас на младите

Зборувајќи за важноста на подигањето на свеста кај пошироката јавност, Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА потенцира дека родовите нееднаквости имаат големо влијание врз општата благосостојба на децата и младите.

– Затоа е потребно, сите во „ист ритам“ да го слушнеме секој глас и со тоа да се искористи потенцијалот и поттикне секој млад човек да ја живее најдобрата верзија од себе, посочи таа.

Според Виктор Бучковски од ХЕРА Млади „момчињата и девојките се врзани со стереотипите и се обидуваат да се препознаваат со нив и нив да ги следат, но повеќе од јасно е дека тоа е невозможно во глобално општество и дека не може да се следи трендот на родова доминација, мора да постои тренд на родова инспирациja и следејќи го овoј принцип имаме шанса да постигнеме родова еднаквост.“

Насилството меѓу момчињата сѐ поголемо, младите со сериозни предизвици со менталното здравје

Кампањата „Во ист ритам“ има за цел да ги промовира демократските вредности и процеси, да ја информира јавноста за придобивките од родово сензитивно образование кое вклучува и сексуално образование, како и политики за поддршка на родовата еднаквост во земјата.

Особен фокус на кампањата се младите и младинскиот активизам. Кампањата треба да придонесе кон широка поддршка на јавноста на концептот на човекови права, родовата еднаквост, вклученост на сите категории граѓани, солидарност и поддршка на потенцијалот кој го имаат младите во земјата. Кампањата треба да придонесе и кон информираност на јавноста и широка поддршка на започнатите системски позитивни реформи и иницирање на нови младински политики

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?