ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
22.11.2021
22 ноември – Ден на албанската азбука
Автор: Goce Author

Денес се навршуваат 113 години од денот кога во Битола на 22.11.1908 година, се одржа Конгресот за унифицирање на азбуката на албанскиот народ.

На Конгресот учествуале 32 делегати со право на глас, претставници на 26 градови и различни албански друштва. Претседател на Комисијата за унифицирање на азбуката бил Ат Ѓерш Фишта.

Решението на Битолскиот конгрес за азбуката е објавено на отворена седница на 20 ноември, на седмиот ден од Конгресот во претпладневните часови, кога е соопштено дека Комисијата донела Одлука за создавање на унифицирана алабанска азбука. Настанот се слави и одбележува и денес, а зградата во која се одржал Конгресот, со одлука на македонската Влада, утвредена е како Национална установа „Музеј на албанската азбука“. Основана е, пред се’, за заштита, истражување, собирање, средување, стручно и научно обработување и проучување  на музејските предмети значајни за унифицираната азбука на албанскиот јазик.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?