ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.10.2025
Децата треба да имаат место во локалните одлуки
Автор: Goce Author

Децата треба да се заштитени од политиката и кампањата, но за нивните потреби треба да има место во предизборните програми и во работењето на локалните власти.

УНИЦЕФ во ек на кампањата за локалните избори излезе со соопштение за потребата локалните лидери да размислуваат за иднината на децата кога носат одлуки.

Фото: UNICEF

Промовирање здрава исхрана во и околу училиштата, поддршка на децата изложени на ризик од сиромаштија, воведување едносменска настава за сите деца, проширување на услугите за предучилишно образование и грижа за децата, отстранување на бариерите со кои се соочуваат децата со попреченост, како и поддршка за децата во ризик од насилство, бара УНИЦЕФ во пресрет на локалните избори.

„Имаме единствена можност да го насочиме вниманието кон благосостојбата на децата и да ги поттикнеме сите учесници во локалната заедница да го постават нивниот развој како приоритет. Речиси една третина од населението се деца, сепак тие и понатаму се непропорционално погодени од сиромаштија, исклученост и недоволни вложувања. Локалните власти имаат моќ да го променат ова. Одлуките што се носат на локално ниво – за училиштата, градинките, парковите и другите места во заедницата – ги обликуваат местата каде што децата живеат, учат и се играат. Овие избори се можност за храбри и трансформативни заложби што ќе му помогнат на секое дете да напредува и да го достигне својот целосен потенцијал“, се наведува во соопштението од УНИЦЕФ.

Локалните лидери да мислат за иднината на децата кога носат одлуки

Меѓудругото, се истакнува дека децата сè повеќе растат во средини со нездрава храна кои поттикнуваат лоша исхрана, зголемување на телесната тежина и долгорочни ризици за здравјето. Секое трето дете на училишна возраст веќе има зголемена телесна тежина, што ја нагласува итната потреба од дејствување. Во многу училишта, засладените пијалаци и ултра-преработените ужинки се многу полесно достапни од хранливи и поздрави опции. Според УНИЦЕФ, училиштата треба да понудат безбедна средина што поттикнува здрав развој, а здрава средина за исхрана значи редовен пристап до свежо овошје и зеленчук, балансирани и хранливи оброци и училишна средина што охрабрува здрави избори и физичка активност.

УНИЦЕФ: Малтретирањето во училиштата е во пораст

„Локалните власти имаат клучна улога во обезбедување училиштата и снабдувачите на храна да нудат нутритивно богати оброци со достапна цена во согласност со националните насоки. Тие, исто така, можат да го искористат своето влијание за да ги обесхрабрат училиштата од поставување автомати со засладени пијалаци и ултра-преработени ужинки, како и од давање училишен простор за рекламирање на нездрава храна. Преку промоција на нутритивно богата храна во училиштата локалните власти можат да го поддржат физичкиот и когнитивниот развој на децата и да испратат силна порака дека здравјето и благосостојбата на децата се пред комерцијалните интереси“, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?