По времето поминато дома, конечно дојде време за летниот одмор, па ве мачи мислата како максимално да го искористите?
Доколку постојано го проверувате вашиот паметен уред и одговарате на секој меил кој што ви пристигнал, тогаш одморот може да го поминете во вашата канцеларија. Навиката за работа од дома можеби ќе ви биде проблем да ја заборавите првите неколку дена, но пробајте да уживате во сонцето, а обврските секако ќе бидат завршени.
Иако можеби не сте тип кој што сака да ги планира работите однапред, сепак планирањето на одморот ќе ви помогне да знаете што сакате. Испланирајте дали ќе одите на планина или море и какви активности ќе имате таму. Направете to do list и водете се по истата.
Исклучете ја водата, проверете ги вакцините, подгответе комплет за прва помош и обновете го пасошот – провете се за да не заборавите ништо и да заминете без грижа во светот.
Целата година ја поминувате во управување со проекти и грижа за пријателите и семејството. Но, кој се грижи за вас? Една или две недели одмор е идеална можност повторно да се поврзете со себе. Најдете време да одлучите што навистина би уживале да правите. Без разлика дали ќе биде дремка во импровизирана лежалка, добра книга за разгледување, прошетка во парк… За да го извлечете максимумот од вашето лето, важно е да го забавите темпото и да уживате во сегашниот момент.