
Денеска, 5 мај, е Денот на македонскиот јазик! Денот на македонскиот јазик е усвоен како своевиден празничен ден во 2019 година, во чест на 5 мај 1945 година, кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Корица од првата граматика на современиот македонски јазик „Слогница речовска“ од Ѓорѓија Пулевски издадена во 1880 г.
Денеска со свечен и виртуелен настан ќе бидат одбележани 60 години од отпочнувањето на изучувањето на македонискиот јазик, литература и култура на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Во академската 1961/1962 година, во Љубљана бил отворен првиот лекторат по македонски јазик во светот. Кратко по тоа овој лекторат прераснал во Катедра за македонски јазик и книжевност, која и денес успешно функционира во рамките на Одделот за славистика.
Филолошките факултети низ државата го одбележуваат со неколку настани организирани по тој повод.