ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
05.10.2021
5 oктомври – Светски ден на учителот: Учителот е и педагог, родител, другар на секое дете

Образованието е областа која ни создава можности за подобра иднина и подобри видици за неа. Темелник на низа знаења и расадник на бистри умови, патоказ за иднината и основа на младите фиданки. Образовниот процес е неминовен во градењето на индивидуалноста и визионерството.  Образованието е цврст доказ дека кога човек сака да создаде нешто го прави тоа, без разлика на околностите и неправдите. Некогаш, со тежина и недостижност, со премногу залудни чекори и повторно враќање на почеток, со неразвиена технологија и недоволно опременети училници, оние кои посетувале настава тоа го работеле со голема љубов. Денес, кога не постојат такви проблеми, денес, кога од секоја информација не’ дели само еден клик или одговор пронаоѓаме во кратките лекции, повторно ни претставува проблем и одбивност. Денес имаме се’, освен младина која искрено посакува да учи.

5 октомври, Светски ден на учителот. Професија која е благородна и исполнителна и бара голема посветеност. Овој ден, претставува значаен симбол на свеста, разбирањето и вреднувањето на виталниот придонес што учителите го даваат за едукација и развој на децата, учениците, студентите. На нивниот ден, за денешната реалност во училиштата, и желбата на децата за учење и надоградба, разговараме со проф. Наташа Митев.

„Професијата учител е една од најдрагоцените професии, затоа што учителот не е само учител по предметот што го предава, туку е педагог, родител, другар на секое дете..Благословена ни е професијата, благодет е да работиш со деца“ – истакнува проф. Наташа Митев.

„Разликата во учењето постои, некогаш учениците повеќе вложуваа во себе за разлика од денес. Денес, не велам дека учениците учат помалку, туку учат онолку колку што им е најпотребно, а многу се ретки оние што се надоградуваат повеќе од тоа што им е потребно.”

 Дали интернет или дополнителна литература користат учениците за збогатување на своето знаење?

„За дополнителното знаење повеќе се осврнуваат кон интернетот затоа што го сметаат дека некако побрзо и ефикасно ќе ги најдат податоците што им се потребни, но за жал не секогаш се точни. Затоа, гледаме што повеќе да ги мотивираме да пребаруваат низ книги, затоа што тоа е по веродостојно.Како зрак надеж се младите кои покажуваат интерес кон читањето и пишаниот збор. За разлика од минатата година, имаме многу повеќе ученици коишто се заинтересирани за пишаниот збор. Не е мал бројот на ученици кои сакаат да читаат книги, вели проф. Наташа. Учениците најмногу сакаат да читаат белетристика, трилери, книги со хумористична содржина и книги од современа литература, младите ги сакаат книгите кои по содржина им се блиски на реалноста во која живеат“, додава проф. Наташа Митев.

Тимот на Гоце.мк им го честита Денот на сите учители и учителки!

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?