Токсичниот партнер на почетокот од врската нема да го препознаете. Тој ќе биде љубезен, фин, нежен и харизматичен. И одеднаш ќе се промени.
Оваа ненадејна промена најчесто ги држи жените заробени, мислејќи дека мажот поминува само низ лош период во животот. Во повеќето случаеви, жените ќе се обидат да го занемарат токсичното однесување, надевајќи се дека господин нежен ќе се врати пак. Се разбира, тоа нема да се случи.
Без разлика дали сте во токсична врска или не, овие се знаци кои ќе ви помогнат да препознате дали имате врска каква што не треба да имате:
Нема ништо полошо од љубомората. Секако на почетокот од врската изгледа слатко кога партнерот е љубоморен, ама внимавајте да не се претвори во пасивно агресивна љубомора.
На пример: Вие сте со вашиот маж во трговски ценар и налетувате на ваш машки пријател. Среќни сте, го запознавте вашиот партнер со него. Но, веднаш по заминувањето на вашиот пријател, вашиот партнер не кажува ниту збор додека не се вратите дома. И кога се враќа дома, тој одеднаш станува нервозен. Почнува да напаѓа сè што ќе кажете и можеби да се жали на работите што сте ги купиле. Ако приказната продолжи иво наредните денови, тука веќе имате проблем.
Иако преголемата контрола на почетокот од врската изгледа слатко и жените се чувствуваат заштитено, треба да направите проверка да не живеете со „control freak“.
На пример: вашиот парнер може да ви го купи специфичниот фустан и чевли што сака да ги носите на состанок, и нема ништо лошо во ова. Тоа е симпатична и прекрасна работа во секое време, секој ден. Меѓутоа, откако ќе се забавувате со него некое време, тој ќе почне да има проблеми со сè што носите. Сега тој ќе сака да одлучи што ќе облечете, а што не, со кого ќе излезете и кога и да не сте заедно, ќе ви се јавува цело време за да добие извештај каде сте и кои сте. Преголемата контрола ќе ви покаже дека вашиот партнер нема доверба во вас.
Еден од најдобрите начини да препознаете во каква врска се наоѓате е кога ќе одговите на прашањето „Како се чувствувам јас во оваа врска?“ Доколку вашето лице е намуртено и вие сте „главниот виновник“ во врската, тогаш нешто не е во ред.
Тој е љубоморен? Вие сте виновни бидејќи така сте дозволиле. Сте се скарале? Без размислување ќе ви наброи 10 причини со кои ќе ви покаже дека вие не сте во право. Некој што ве сака треба да може да сочувствува со вас и да се грижи за тоа како се чувствувате неговите зборови и постапки.
Доколку во разговорот многу често слушате за неговата бивша девојка, тогаш дефинитивно сте во погрешна врска. Д-р Антонио Борело, психолог и тренер за запознавање вели:
„Тој што ве споредува со неговата бивша и ви потенцира колку сте различни, сака да бидете партнерот што полесно ќе ја остави настрана својата интуиција и ќе се фокусирате на тоа да му угодите повеќе“.
Се уште постојат мажи кои веруваат дека со понизноност на жената и чувството не доволна самодоверба, може да ја имаат контролата над нив. Најдоброто решение за да станете ранлив плен е да имате скршено его.
На пример: маж со кој сте во врска некое време одеднаш ви дава необичен коментар, велејќи дека изгледате дебело. Или намерно може да ви покаже слики од убави девојки или да им дава комплименти, зборувајќи за тоа колку добро изгледаат и да ве натераат да се чувствувате љубоморни.
Ако вашиот партнер го прави ова често, тој знае што прави. Тоа е нездрава психолошка стратегија да ве натера да се натпреварувате да го задржите. Но, постојат подобри начини да го натерате партнерот да ве посакува повеќе отколку да го направите несигурен за своето место во вашиот живот. Човек кој намерно прави да се чувствувате несигурни е многу токсичен.
Црвените знаменца кои ви покажуваат дека сте во токсична врска лесно се забележуваат.
Проблемот обично е во тоа што токсичните луѓе не ги започнуваат врските да бидат токсични. Прво мамат со својата сладост, а потоа се вртат против партнерот.
Ова е причината зошто другите луѓе лесно ќе видат дека сте во токсична врска, но вие не. Зошто? Сè уште гледате на вашиот партнер како на човекот со кој започнавте врска на прво место.
Токсичната врска може емоционално да нѐ навреди. Подобро да ги знаете знаците и да се спасите од паѓање длабоко во погрешна врска.