ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.03.2022
5G – вистинска опасност или станува збор за дезинформации?

Во последните години постојано слушаме за опасност од 5G мрежата, па сигурно сте се запрашале дали 5G e нешто што навистина носи опасност или пак во прашање е ширење на дезинформации.

Како што веќе знаеме, од 1980 год е започнат трендот на G мрежите, па од услуга за кратки пораки (SMS) и пораки со слики уште познато како 1G, до крајот на деценијата стигнавме до 4G кој овозможува мобилна телевизија, видео конференции и апликации.

И сето ова е во ред, но зошто околу 5G се крена толкава врева?

Пред неколку години, 5G дојде многу бурно. Иако ветува можност илјадници машини да разговараат меѓу себе во исто време, сепак сведоци сме на многубројни теории за штетноста на оваа мрежа.  Затоа решивме да поразговараме со м-р Маја Кукушева Панева, професор на Електротехнички Факултет при Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ во Штип која вели дека една од главните причини за луѓето да веруваат дека 5G мрежата е штетна за здравјето е заради поставување базни станици на мало растојание.

Гоце.мк – 9/11 -„Мајката“ на денешните теории на заговор

 

  • „Наводите за негативното влијание на 5G врз здравјето на луѓето произлегуваат од близината на поставувањето на базните станици. Кај претходните генерации на мобилни мрежи базните станици се оддалечени по неколку километри и се поставени подалеку од населените места. Секако за тоа се направени многубројни истражувања и сите покажале дека не постои никаква можност да се наштети на здравјето на луѓето.“, вели Маја.

    М-р Маја Кукушева Панева

Kакви истражувања се направени?

  • „Студиите офаќаат истражувања на луѓе (епидемиологија, експерементални студии) и животни. Препораките и заклучоците од овие студии, водени од релевантни експерти, редовно се објавуваат во меѓународни списанија и меѓународни комитети. Заклучоците од овие истражување се дека изложеност на RF (кратенка од radio frequency) под дозволената граница не предизвикува биолошки негативни ефектни по здравјето на луѓето, но може да дојде до ноцебо ефект (ефект на способност на негативните уверувања и укажувања да предизвикаат штетни појави во организмот).“

За тоа дека ширењето паника за штетноста на 5G сведочи и веста која беше објавена во медиумите дека во Холандија оваа мрежа предизвика смрт на многу птици.

  • „Фотографијата која беше објавена на социјалните медиуми е од октомври 2018 кога сеуште немаше поставено 5G базни станици во Холандија. Според официјални извештаи причина за поморот е крварење од траума и во организамот на птиците бил најден природен отров од бобинка.“ , додава м – р Маја.

А пандемијата и 5G?

Со појавата на пандемијата се јавија и многубројни теории на заговор. Еден од нив беше дека сме во карантин за да се појави 5G мрежата која што ќе биде многу опасна за човештвото. Како што истакнува Маја, оваа мрежа освен тоа што се појави во исто време со Ковид 19, нема никаква друга поврзаност. Kовид 19 е вирус кој го напаѓа респираторниот систем и не се шири преку безжична мрежа. Сепак останува да не веруваме на дезинформациите околу нас и секогаш кога не сме сигурни да се повикуваме на факти и научни истражувања кои даваат точни и веродостојни информации.

Вештачката интелигенција и лекувањето на вируси
Пилула за слабеење наместо напорно вежбање?