ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.04.2022
6 нешта кои страдаат доколку не спиете доволно
Автор: Goce Author

Овие шест нешта страдаат доколку не спиете доволно, но мора да сфатиме дека придобивките од спиењето се навистина важни за животот. Доколку не практикуваме седум до осум часа сон, како што препорачуваат експертите, тогаш овие нешта ќе бидат директно изложени на измени:

Фокусот

Без спиење, умот може да ни се замагли и нема да можеме да се фокусираме на она што треба да го работиме во текот на денот. Кафето и другите стимуланти може ќе помогнат, но не помагаат во текот на целиот ден. Според Хитер Тургон, специјалист за спиење и психотерапевт, недоволното спиење не само што влијае врз делот од мозокот одговорен за работната меморија, туку и дозволува на мозочните токсини да се зголемуваат.

  • „Недоволното спиење влијае на меморијата во текот на денот, па може да не се чувствуваме доволно силни за јасно да ги примиме информациите што сме ги научиле.“, вели Тургон.

Креативноста

Кога ќе го отспиеме доволно, не само што ќе се чувствуваме будни во текот на денот, туку и ќе бидеме покреативни. Откако ќе се разбудиме од квалитетен сон во текот на ноќта, ќе ги гледаме работите околу нас поинаку и појасно. За кративноста важни се и соништата кои се уште една „финта“ која ни помага да ја развиеме креативноста.

Продуктивноста на работа

Уште еден аспект врз кој директно влијае недоволното спиење. Многу студии укажуваат на тоа дека економистите страдаат од малку сон, што довело до екстемен пад во нивната работа и продуктивност.

Психичкото здравје

Психичкото здравје може да се наруши поради фактот дека ќе чувствуваме повеќе стрес заради тоа што не спиеме доволно. Доколку подолго време имаме проблеми со сонот, кај нас ќе забележиме промени во расположението, зголемен стрес, па дури и депресија. Факт е дека не можеме секогаш да спиеме прекрасно, но доколку се случи неколку ноќи по ред да ни е нарушен сонот, тогаш мора да ги пронајдеме идеалните часови кои треба да ги резервираме за квалитетен сон.

Водич за преживување на наставници – од штипјанецот Киро Јорданов

Физичката безбедност

Недоволниот сон влијае врз безбедното извршување на физичките задачи во текот на денот како што се: возење, работа со машини и др. Всушност, возењето додека сме поспани може да биде опасно исто колку возењето под дејство на алкохол. Истражувањата покажале дека возењето после 17 часа без сон е еквивалентно на возењето со 0,05% алкохол во крвта.

Сонот може да биде клучниот сегмент за повеќе клучни нешта во животот и затоа е важно да спиете доволно!

Мојот Став: Колку чини еден студентски сон?
(Аудио) Мојот Став: Образование без редослед