ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.09.2022
6 типови на луѓе кои не би требало да консумираат пиво
Автор: Goce Author

Доаѓа викенд, а викендите младите ги користат за консумирање на алкохолни пијалоци, особено пиво. Меѓутоа не сите смеат да пијат пиво. Лекарите сметаат дека луѓето кои имаат одредени здравствени проблеми не треба да консумираат пиво бидејќи постои ризик од бројни компликации.

  1. Луѓе со дијабет

Во интервју за списанието Eat This, Not That, гастроентерологот Џонатан Кунг изјави дека не би им препорачал на луѓето со дијабетес да нарачуваат пиво бидејќи тоа предизвикува зголемување на нивото на шеќер во крвта. Се случува некои производители да не наведат дека воопшто има шеќер во нивното пиво.

Факти за Германија – пијат пиво и сакаат книги

  1. Прекумерна тежина?

Доколку имате прекумерна тежина, исто така не треба да го консумирате овој напиток бидејќи предизвикува таложење на масни наслаги во пределот на стомакот.

  1. Нетолерантни на глутен

Оние кои се чувствителни на глутен треба да се воздржат и од купување пиво.

„Повеќето пива содржат глутен кој предизвикува воспаление на цревата, што секако предизвикува гастроинтестинални проблеми“, додаде Кунг.

Вид на алкохолни пијалаци што треба да ги избегнувате доколку сакате да ослабнете

  1. Синдром на нервозно дебело црево

Избегнувањето на пиво важи и за луѓето со синдром на нервозно дебело црево (IBS).

„Тоа предизвикува надуеност, гасови, дијареја и ги иритира цревните ѕидови и ја задржува течноста во телото на пациентот“, рече тој.

  1. Проблеми со црниот дроб?

Ако пиете пиво иако имате проблеми со црниот дроб, можете дополнително да го забрзате процесот на оштетување на паренхимот (органското ткиво) и со тоа да го отежнете функционирањето.

  1. Желудочни киселини

Оние кои имаат киселини, исто така, треба да се воздржат од пиење на овој алкохолен пијалак.

„Пивото го оневозможува затворањето на долниот дел од хранопроводникот, што предизвикува желудочна киселина да се врати во грлото и да предизвика киселини“, заклучил Кунг.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање