ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.12.2021
67% од новите случаи и 85% од хоспитализираните со Ковид 19 се невакцинирани
Автор: Goce Author

Во најновата анализа на Министерството за здравство се вели дека најголем дел од хоспитализираните и новозаразените се невакцинирани лица. .

Инаку за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Photo by Ed Us on Unsplash

Во период од 06.08 до 23.12.2021 на територија на државата 66.857 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 33% биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица.

Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе недели, 45.051, граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 85%, додека само 15% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 06.08.2021 до 23.12.2021 на територија на државата починале 2362 лица со Ковид 19, 1850 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?