ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.01.2022
68% од новозаразените се со Омикрон – расте бројот на хоспитализации
Автор: Goce Author

Според Институтот за јавно здравје во период од една седмица за 51 отсто е зголемен бројот на позитивни на Ковид19. Има зголемен број и на оние кои се заразиле иако претходно го имале прележано вирусот.

„Во период од една недела, односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од седум пати во однос на претходната недела“, наведуваат од Министерството за здравство.

Во период од една недела односно од 3 до 9 јануари, пријавени се 946 реинфекции, со зголемување од 7 пати во однос на претходната недела.

Според извештаите од болниците моментално на територија на Северна Македонија хоспитализирани се 351 лице што е 41% повеќе во споредба со претходна недела, а зголемен е и бројот на дневни прегледи во инфективните одделенија низ болниците.

Од Министерството за здравство посочуваат и дека според епидемиолошките анкети најголем дел од пациентите имале контакт со позитивен случај 3 дена пред почетокот на симптомите или добивањето на позитивен резултат.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?