ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.05.2025
70% од средношколците се запишани во стручни училишта

Македонските средношколци и студенти се во центарот на новите образовни реформи што имаат за цел да одговорат на потребите од стручен кадар во клучните сектори за развој на земјата. Земјата веќе има усвоено Стратегија за паметна специјализација, со која се дефинираат приоритетни области во кои младите ќе можат да изградат кариера и да придонесат кон економски раст.

На Светскиот образовен форум во Лондон, македонската делегација потенцира дека иднината е во дигиталната и зелената транзиција, и дека образованието е клучот за поддршка на развојот на паметно земјоделство, ИКТ, електро-машинска индустрија, одржливи материјали и паметни згради.

Фото: МИА.MK

„Во овие области е потребен стручен кадар, а нашата мисија е образованието да одговара на тие потреби“, беше пораката од министерката за образование и наука Весна Јаневска на форумот во Лондон.

Дуално образование – пат до реални вештини

Денес дури 70% од средношколците се запишани во стручни училишта, што е резултат на континуираното унапредување на стручното образование. Преку дуалниот модел, младите учат директно од компании, стекнувајќи реални вештини што ќе им бидат потребни веднаш по завршување на школувањето.

Во средните училишта се применуваат модуларни програми, наставниците се дообучуваат, а приватниот сектор станува активен партнер во едукацијата – модел што нуди вистински шанси за младите да изградат професионален пат во Македонија, наместо да ја бараат иднината надвор.

Универзитетите и компаниите – нови мостови на соработка

Иако е направен значителен чекор напред и во високото образование, експертите порачуваат дека треба повеќе соработка меѓу универзитетите и бизнис секторот. Техничките науки добиваат приоритет, но младите треба да бидат вклучени во иновации, практични проекти и реални решенија за предизвиците од 21 век.

Форумот во Лондон, што обединува министри и експерти од целиот свет, беше фокусиран на тоа како да се создадат вклучувачки и одржливи образовни системи што ќе ги подготват младите за иднината.

Секој граѓанин должи 4000 евра, а има заштедено 5400 евра – во просек
(Видео) Д-р. Марија Димитровска – Колку студентите се вклучени во научни истражувања?