ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.04.2022
8 најскапи течности во светот
Автор: Goce Author

Ви ги презентираме осумте најскапи течности во светот, кои можат да достигнат огромни суми. Која течност вие мислите дека е најскапа?

Гама-аминобутерна (GHB)

1 литар чини околу 700 долари. Гама-аминобутерна киселина е супстанца која се наоѓа во централниот нервен систем кај човекот. Како течност се користи против депресија, алкохолизам и несоница.

Жива

1 литар чини околу 900 долари. Се употребува во научните истражувања и во материјалите при лечење на заби. Таа се користи и во осветлувањето.

Парфемот Шанел 5 (Chanel 5)

1 литар чини неверојатни 6 000 долари. Овој парфем е еден од најпознатите во светот. Постои од 1922 година.

Инсулин

1 литар чини од 4 000 до 26 000 долари. Според Американско медицинско здружение, цената на инсулинот во периодот од 2002 година до 2013 година е зголемена за трипати. Во Македонија цената ја надоместува Фондот за здравство.

Десетте најневеројатни граници во светот

Крв на поткована краба наречена уште жив фосил

1 литар чини 16 000 долари. Оваа крв има плава боја и се користи за медицински цели, за утврдување дали некој лек е контаминиран, односно ги пронаоѓа и најмалите бактериски ендотоксини,  речиси 50 години.

LSD или диетиламид лизергинска киселина

1 литар чини дури 32 500 долари. LSD е лек со психоделичен ефект и откако бил откриен, бил лек кој ветува, но поради проширување на употреба надвор од медицинските цели, 1960 година во западните земји бил прогласен за илегална дрога.

Отров од кралска кобра

1 литар чини 40 500 долари. Јачината на овој отров е толку голема што може да убие и слон. Се користи во правење на јаки лекови против болки. Лек појак за 20 пати повеќе од морфиумот.

Отров од шкорпија

1 литар чини околу 10 000 000 долари. Протеинот кој се наоѓа во отровот од шкорпијата може да се користи за лекување и болки кај луѓе со мултиплекс склероза, заболувања на цревата и ревматоиден артритис.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање