ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
29.06.2023
Ацо Шопов – инспирација за млади автори

Уште од најмали нозе сме запознаени со делата на Ацо Шопов, а денеска овој поет е инспирација за млади автори . Разговараме со Милена Милорадова, автор на стихозбирката „Шаренолики воздишки“.

Милена Милорадова

Стихозбирката „Шаренолики воздишки“ е збир на сите моменти кои и оставиле голем впечаток на оваа млада авторка, па решила да ги преточи на лист хартија. Како што вели Милена:

„Книгата ќе остане да сведочи за едно убаво време, време исполенто со најблиските и оние кои ми го полнеа и полнат срцето.“

Творештвата на Шопов се уникатни, а Милена вели дека неговите дела биле инспирација да ја создаде оваа стихозбирка.

„Уште во најрана возраст преку поетското творештво на роднокрајниот поет, Ацо Шопов, се заљубив во неговите песни. Тие ми беа мотив, водилка да се обидам да ги искажам сите моменти кои беа закопани во мојата тишина.“

Омилено дело…

„Тој зад себе има оставено големо богатство, но ако веќе мора да одберам тогаш моја омилена песна е „Втората молитва на моето тело“. “

Книгата „Шаренолики воздишки“ имаше промоција во февруари годинава, а Милена вели дека пишувањето за неа е еден вид терапија која што и помага да ги искаже сите нејзини ставови и да ги победи своите искушенија. На прашањето дали некогаш би пишувала под псевдоним, ни одговори:

„Пишувањето е канал на сите мои стравови и искушенија низ кои, можеби, некогаш и некој ќе се пронајде. Ниту еден миг не сум  го замислила моментот да ме читаат со друго име, така што дефинитивно одговорот е не.“


Александар Николовски – автор во чии книги негативците заземаат посебно место


Кој беше најтешкиот дел од целиот процес на креирање на книгата?

„Уште  во самиот наслов се појави дилема, бидејќи во книгата нема една тематика. Следната дилема беше во однос на именувањето на циклусите. Но, кога се работи искрено  и кога имате добар тим на соработници успехот е загарантиран.

Книгата „Шаренолики воздишки“ може да ја најдете во книжарницата Арт – Штип, а за крај Милена ни откри дека:

„Продолжувам и понатаму да го слушам срцето и по неговиот диктат да составувам нова целина…“

(Аудио) Силата на еден став
Какви ќе бидат политиките на Трамп кон Балканот?