Уште од најмали нозе сме запознаени со делата на Ацо Шопов, а денеска овој поет е инспирација за млади автори . Разговараме со Милена Милорадова, автор на стихозбирката „Шаренолики воздишки“.
Стихозбирката „Шаренолики воздишки“ е збир на сите моменти кои и оставиле голем впечаток на оваа млада авторка, па решила да ги преточи на лист хартија. Како што вели Милена:
„Книгата ќе остане да сведочи за едно убаво време, време исполенто со најблиските и оние кои ми го полнеа и полнат срцето.“
„Уште во најрана возраст преку поетското творештво на роднокрајниот поет, Ацо Шопов, се заљубив во неговите песни. Тие ми беа мотив, водилка да се обидам да ги искажам сите моменти кои беа закопани во мојата тишина.“
„Тој зад себе има оставено големо богатство, но ако веќе мора да одберам тогаш моја омилена песна е „Втората молитва на моето тело“. “
„Пишувањето е канал на сите мои стравови и искушенија низ кои, можеби, некогаш и некој ќе се пронајде. Ниту еден миг не сум го замислила моментот да ме читаат со друго име, така што дефинитивно одговорот е не.“
Александар Николовски – автор во чии книги негативците заземаат посебно место
„Уште во самиот наслов се појави дилема, бидејќи во книгата нема една тематика. Следната дилема беше во однос на именувањето на циклусите. Но, кога се работи искрено и кога имате добар тим на соработници успехот е загарантиран.
„Продолжувам и понатаму да го слушам срцето и по неговиот диктат да составувам нова целина…“