ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.06.2022
Агенција за млади и спорт и НМСМ доделуваат награда за млади
Автор: Goce Author

Агенција за млади и спорт (АМС) и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) го објавија Конкурсот за доделување на Наградата за младинско учество.

Целта на наградата е да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

Сите заинтересирани можат да поднесат номинација за Наградата за младинско учество со пополнување на формуларите на линковите за трите категории:  индивидуална категорија – млади на возраст од 15-29 години, категорија на неформални групи за млади од најмалку три членови и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации.

Рокот за поднесување на номинации е до 7 јули до полноќ.

Агенција за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество. Целта на наградата е да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања. 

Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади, неформални групи на млади и младински организации, организации за млади и чадор младински организации кои покажуваат: јасна визија за подобрување на заедницата кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања; исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања; и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот.

Агенцијата за млади и спорт и НМСМ ќе доделат три награди

Ќе се доделат 3 награди, по една награда по категорија:

  1. ИНДИВИДУАЛНА КАТЕГОРИЈА ЗА МЛАДИ (НА ВОЗРАСТ 15-29 ГОДИНИ)
  2.  НЕФОРМАЛНИ ГРУПИ НА МЛАДИ (ОД НАЈМАЛКУ 3 ЧЛЕНОВИ)
  3. НА МЛАДИНСКИ  ОРГАНИЗАЦИИ, ОРГАНИЗАЦИИ ЗА МЛАДИ И ЧАДОР МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Номинациите за секоја од категориите можат да бидат поднесени од страна на индивидуални лица, организации, институции, медиумски сектор, бизнис сектор или други членови на заедниците. Наградите ќе бидат доделени и презентирани на пошироката јавност на Меѓународниот ден на младите (12 август 2022) во Скопје.

Поднесувањето на вашата номинација можете да го направите на следните линкови:

  1. ИНДИВИДУАЛНА КАТЕГОРИЈА ЗА МЛАДИ (НА ВОЗРАСТ 15-29 ГОДИНИ)
  2.  НА НЕФОРМАЛНИ ГРУПИ НА МЛАДИ (ОД НАЈМАЛКУ 3 ЧЛЕНОВИ)
  3.  НА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, ОРГАНИЗАЦИИ ЗА МЛАДИ И ЧАДОР ОРГАНИЗАЦИИ

По завршувањето на процесот за поднесување номинации, ќе биде селектиран потесен круг на кандидати по категорија, кои ќе продолжат во понатамошната фаза на јавно онлајн гласање.

„Наградата за младинско учество препознава иницијативи на млади кои покажуваат:

јасна визија за подобрување на заедницата, кои се системски и одржливи во решавањето на приоритетните општествени прашања;

исклучителна креативност, иновативност и лидерство во дефинирањето и решавањето на општествени прашања;

и носат мерливи резултати во подобрувањето на заедницата или благосостојбата на општеството преку активностите на номинираниот“, велат од НМСМ.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?