ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.11.2021
Агнотологија – зошто се сомневаме во науката?

Агнотологијата е проучување на намерни дејствија за ширење конфузија и измама, обично за да се продаде производ или да се добие услуга. Доаѓа од грчкиот збор агнозис кој значи незнаење и онтологија, гранка на метафизиката која се занимава со природата на битието. Агнотологијата е проучување на намерни дејствија за ширење конфузија и измама, обично за да се продаде производ или за да се добие услуга.

Прочитајте и: Најголем процент на жени истражувачки од Европа има во Македонија.

Во 1979 година, во јавноста беше откриен таен меморандум од тутунската индустрија наречен „Предлог за пушење и здравје“ и напишан една деценија порано од тутунската компанија „Браун и Вилијамсон“, кој открива многу од тактиките што ги користи тутунската индустрија за да се спротивстави на „силите против цигарите“. Во најрелевантните написи од тоиа време се согледуваат трикови како да се пласираат цигари на масовната јавност воведувајќи го методот за покревање на СОМНЕЖ!! „Сомнежот е наш производ бидејќи тоа е најдоброто средство за натпревар со телото на фактите што постои во умот на пошироката јавност. Тоа е, исто така, средство за воспоставување на контроверзија“.

 

Ова откритие го буди интересот на Роберт Проктор, историчар на наука од Универзитетот Стенфорд, кој почнал да истражува во практиките на тутунските фирми и како тие ширеле конфузија за тоа дали пушењето предизвикува рак. Проктор открил дека индустријата за цигари не сака потрошувачите да ги знаат штетите на нејзиниот производ и дека потрошила милијарди долари прикривајќи ги фактите за здравствените ефекти од пушењето. Оваа потрага го навела да создаде збор за проучување на намерното ширење на незнаењето: агнотологија.

Проктор објаснува дека незнаењето често може да се пропагира под маската на балансирана дебата. На пример, заедничката идеја дека секогаш ќе има две спротивставени гледишта не секогаш резултира со рационален заклучок. Почнувајќи уште во ’69 со искористувањето на науката од страна на тутунските фирми и маркетиншките трикови кои прават нивните производи да изгледаат безопасно, денес се користи од страна на негаторите на климатските промени за да се расправаат против научните докази понатаму за вакцините, ковидот, 5Г..

Оваа „рутинска рамнотежа“ им овозможува на овие луѓе да тврдат дека секоја приказна има две страни, дека има „експерти“ кои имаат други толкувања и на тој начин да создаваат лажна слика за вистината, а од таму и незнаење. Проктор открил дека незнаењето се шири кога прво, многу луѓе не разбираат концепт или факт и второ, кога специјалните интересни групи – како комерцијална фирма или политичка група – потоа работат напорно за да создадат конфузија за некое прашање.

Така, иако агнотологијата можеби го има своето потекло во најславните денови на тутунската индустрија, уште во средината на минатиот век, денес потребата и за збор и за проучување на човечкото незнаење е силна како и секогаш, или можеби повеќе од секогаш.Ако ви е од помош и за подлабоко размислување, погледнете го видеото во продолжение.

 

Извор: https://www.bbc.com/future/article/20160105-the-man-who-studies-the-spread-of-ignorance

проф. д-р Ивица Смоковски: Дијабетесот е пандемија со многу засегнати лица
Воздухот значително загаден и во градинките и школите