Дигиталните, нереални женски модели создадени од вештачката интелигенција стануваат се почести, што е причина многумина за анализира и критика на стереотипното претставување на жената во уште една сфера.
Оливија Петер, новинарка која е специјализирана за теми за меѓучовечки односи, мода, поп-култура и насилство врз жените, неодамна напиша во статија за британски Индепендент за жените – модели создадени од вештачката интелигенција, чии лица и тела се толку беспрекорни што не можат да бидат реални, но сепак успеваат да ја разнишаат самодовербата на многу жени.
„Зарем стандардите за убавина на социјалните мрежи веќе не се доволно нереални? Размислете за сите филтри за уредување, кои историски биле критикувани за промовирање на пластична хирургија, на пример, и неограниченото дотерување на лицето што се случува на Инстаграм за да се сменат лицата и телата на луѓето. Сега треба да се бориме и со целосно произведената убавина“, вели Петер.
Таа, сепак, истакна дека совршената онлајн жена не е реална, иако низа ефекти прават да изгледа како да е. Прво се осврна Аитана Лопез, инфлуенсерка со повеќе од 215.000 следбеници на Инстаграм , која е генерирана од вештачката интелигенција. Fit Aitana, како што ја нарекуваат, објавува содржини за животниот стил, како што се фотографии на кои е во облека на Victoria’s Secret.
View this post on Instagram
Нејзин креатор е шпанската компанија The Clueless, а првичната намера на овој изум беше да се максимизира потенцијалот за заработка и да се намали некоја форма на губење време што се случува со реалните инфлуенсери.
„Го направивме ова за да можеме подобро да заработуваме и да не зависиме од други луѓе кои имаат его, кои имаат манија или кои едноставно сакаат да заработат многу пари позирање“, рече основачот на агенцијата Рубен Круз, истакнувајќи дека Лопез веќе и носи на компанијата повеќе од 10.000 долари месечно.
Лопез, од друга страна, не е првата инфлуенсерка со вештачка интелигенција што стапила на сцена. Помеѓу истакнатите модели е и Лил Микела, малку помалку налик на човек, која е „родена“ во 2016 година и денес има 2,7 милиони следбеници на Инстаграм, каде објавува серија реклами и музика. Потоа Шуду Грам, дигитален модел базиран на Барби куклата Принцеза Африка.
View this post on Instagram
Најновиот стереотипен производ е пејачката со вештачка интелигенција Ана Индијана, чиј прв сингл Betrayed by This Town беше исмеан на интернет. Индијана наликува и на вистинска личност, со сите принципи на конвенционална убавина: полни усни, чиста кожа, пропорционални и поостри црти на лицето.
Токму затоа и новинарката Петер ја изрази својата загриженост, наведувајќи дека сето горенаведено не им носи ништо добро на жените.
„После години обиди да се ослободиме од општественото условување кое сите го интернализиравме, оние која промовира уникатен вид убавина и ги оцрнува оние кои не се согласуваат, еве нѐ, мораме повторно да видиме како се идолизира.
Жени чии лица и тела се толку беспрекорни што никако не можат да бидат реални. А сепак тие овековечуваат слика кон која сите треба да се стремиме следејќи ги или купувајќи ги производите што ги промовираат“, тврди Петер.