ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.10.2021
Акциите на Тесла скокнаа од 85 долари на 900 долари само за неколку месеци

Главниот извршен директор на Тесла може да стане првиот трилионер во светот благодарение на SpaceX. Илон Маск е веќе најбогатиот човек на светот со имот во вредност од 219 милијарда долари. Тоа го должи на  компанијата Tesla која што произведува електрични автомобили, но благодарение на издигнувањето на Space X во истражувањето на вселената и вселенскиот туризам, само прашање е на време кога ќе стане првиот светски трилионер.

Фото: bussinesinsider

SpaceX се проценува дека вреди 100 милијарди долари, а  Илон Маск е сопственик со 47% од компанијата.

Во време на пандемија, компанијата Тесла на Илон Маск соборува рекорди. Март 2020 година, цената на една акција на Тесла изнесуваше околу 85 долари. Она што следувало потоа, веројатно ги изненадило и најголемите оптимисти на компанијата на Илон Маск. При вчерашното затварање на берзата, цената на една акција изнесувала над 900 долари, додека пазарната вредност надминала неверојатни 900 милијарди долари. Ако Тесла продолжи со вакво темпо на раст, не сме далеку од надминувањето на границата од трилион долари.

Со тоа Илон Маск и Тесла ќе влезат во одбраното друштво, чија вредност е веќе над трилион долари Apple и Microsoft , Amazon и Alphabet.

14 држави го тужат TikTok
Топ 5 најпопуларни видео игри на компјутер