ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.01.2022
Ако случајно одите во Сингапур….пуштете вода, или ќе платите казна!

Photo by Mike Enerio on Unsplash

Поради својата стратешка позиција, Сингапур се нарекува Гибралтар на Азија, а на малајски јазик „Сингапур“ значи град на лавовите. Еве 11 интересни работи кои можеби не сте ги знаеле за оваа земја

Во земја со огромно богатство владеат прилично чудни и бизарни правила.

  1. Светската организација за тоалет (да, постои) е основана во Сингапур. И да, со оглед на тоа што Сингапурците многу внимаваат на чистотата, ако не испуштите вода по излегувањето од тоалет, може да бидете казнети со 440 евра
  2. Сингапурците може да гласаат на британските избори. Да, земјата е членка на Комонвелтот и затоа нејзините граѓани го користат тоа право.

Photo by Larry Teo on Unsplash

  1. Земјата опфаќа вкупно 63 острови, а не би препорачале прошетка низ многу бидејќи се ненаселени или служат како воени и индустриски зони.
  2. Овде е речиси возможно да се пие сред небо, бидејќи на врвот на облакодер од 282 метри има бар, кој на тој начин стана еден од највисоките локали на врвот на зграда во светот.
  3. Сингапур е само една од трите земји кои немаат главен град. Другите две се Монако и Ватикан.
  4. Постојат четири официјални јазици во земјата: англиски, мандарински, тамилски и малезиски.
  5. До 2020 година и отворањето на Фонтаната Палма во Дубаи, најголемата фонтана на светот се наоѓала во Сунтек, а за неа се потрошени ни помалку од шест милиони долари.

Photo by Hu Chen on Unsplash

  1. На санскрит, Сингапур е преведен како Град на лавовите. Интересно е, сепак, што овде воопшто нема лавови.
  2. На Универзитетот во Сингапур, многумина навиваа кога автоматот на Coca-Cola почна бесплатно да дели лименки откако сте го прегрнале

Photo by Sergio Sala on Unsplash

  1. Според една британска студија, луѓето најбрзо одат овде, во просек 6,15 км/ч.
  2. Забрането е џвакање мастики, но на странците им е дозволено да внесат две пакетчиња. Повеќе од тоа се смета за обид за шверц.
Патувачки пропусници за Европа за млади до 18 години
Користењето на дигитални алатки – нов пристап за образованието