ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.12.2025
Ако Свети Климент живееше денес

Ако свети Климент Охридски чекореше низ нашите улици денес, ќе го препознаевме по едно нешто: по начинот на кој луѓето околу него одеднаш стануваат поосветлени, пољубопитни, поохрабрени да прашаат и да научат.

Некои личности се вечни не поради времето во кое живееле, туку поради светлината што ја носат со себе.

Климент е токму таква фигура.

Во денешното општество, тој би бил човек кој не трча по камера, а сепак камерите сами би го барале.

Би предавал на Универзитет, но, и на секој агол каде што некој е желен да научи.

Кај него, знаењето не би било престиж, туку обврска кон заедницата.

Би нѐ потсетил дека образованието не смее да биде товар, туку патоказ кој нѐ вади од мрак и нѐ става на место каде што конечно гледаме подалеку од сопствениот видик.

Во времиња кога често зборуваме на различни јазици, а ретко се разбираме, Климент би бил мостот.

Би зборувал со луѓето со истата едноставност како што зборувал со своите ученици во Охрид. Без надменост, без висок тон, со мирна убеденост дека секој човек има право на знаење и на достоинство.

На социјалните мрежи мрежи пак, веројатно би бил чудо.

Свети Климент денес би не потсетил дека образованието не смее да биде товар

Ништо нападно, ништо театрално, само кратки, чисти мисли што ги враќаат луѓето на суштината.

Во време кога вревата ни го покрива умот, Климент би бил тишината што ја слушаш подобро од сè друго.

Ако Свети Климент живееше денес, ќе беше најгласниот бранител на идејата дека образованието не е луксуз.

Дека писменоста, јазична, дигитална, културна, е темел на секое слободно општество.

Ќе бараше училишта што учат да се мисли, а не да се стравува.

Професори што создаваат луѓе, а не само дипломи и оцени.

80 години од кодификацијата на македонскиот јазик одбележани во Брисел

Но најважно од сè, Климент би останал тоа што отсекогаш бил: човек што подига. Човек што гледа потенцијал таму каде другите гледаат проблем. Човек што верува во младите толку силно, што и тие почнуваат да веруваат во себе.

Денес би ни требал како воздух.

Не за да нè поучи како да пишуваме букви, туку како да пишуваме историја што не нè срамоти. Како да ја чуваме културата, а да не ја забораваме. Како да бидеме народ што не заборава од каде тргнал, и знае каде оди.

Можеби не можеме да го вратиме Свети Климент во телесна форма, но можеме да го оживееме неговиот дух: во секоја училница која што бара знаење, во секој млад човек кој не се плаши да праша „зошто така?“, и во секоја заедница која верува дека знаењето е сила што се дели, а, не се чува себично.

А токму тоа е најсовремениот можен начин да му оддадеме почит.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?