ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.07.2024
Актерот Џејмс Корден прекина претстава за де се гледат пеналите на Англија

Изведбата на Џејмс Корден, „Constituent“ требаше да започне токму во моментот кога мечот меѓу Швајцарија и Англија стигна до пенал-рулетот, а бидејќи поголемиот дел од публиката беше залепена на екраните на нивните телефони, актерот реши прво заедно да го гледаат крајот на натпреварот.

На неколку минути во саботата вечерта Англија беше нервозна бидејќи нивните најдобри играчи се подготвуваа за да ги изведат пеналите против Швајцарија во четвртфиналето на Европското фудбалско првенство.

Публиката во лондонскиот театар Олд Вик не беше исклучок. Додека публиката беше наведната на екраните на нивните телефони неколку моменти пред почетокот на изведбата на политичката драма The Constituent, нејзините ѕвезди исто така беа во сомнеж.

На крајот донесоа неочекувана одлука. Воведната сцена беше одложена за актерската екипа, продукцискиот тим и публиката да може да го гледаат тензичниот пенал.

Сергеј Трифуновиќ делел лекции за театарски бон-тон

Тричлената актерска екипа на The Constituent – Џејмс Корден, Ана Максвел Мартин и Захари Харт – го гледаа натпреварот на екранот во салата за вежбање во театарот.

„Кога почнаа продолженијата, ги облековме нашите костими. Продолженијата завршија околу три минути пред почетокот на шоуто. Бевме како: „О, човече, ова е бесмислено, но мораме да започнеме“, раскажува Корден.

Корден: сите гледаа во телефоните, и си рековме, ова е бесмислено….

„Потоа ја слушнавме „Џес“ од публиката, се погледнавме и рековме: „Па, сите гледаат“. Ѕирнавме зад сцената и видовме многу осветлени екрани на телефонот во публиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

„Не беше моментот за сериозно шоу за сериозни прашања. Така јас, Ана и Зак излеговме на сцената со iPad и коментиравме за пенал-рулетот. Тоа беше навистина прекрасно, живо, славно колективно искуство. Еден од моите омилени моменти што сум ги имал досега во кариерата“.

Претставата од 90 минути, политичка драма за конфликт меѓу пратеник и лут гласач, започна со десет минути доцнење.

Не беше тешко да се префрлат брзините од гледање пенали во играње улоги кои бараат многу во сериозна драма, рече Корден. „Тоа беше наш втор настап во денот, па веќе бевме во ритам. Но, се прашувам дали ќе беше поинаку ако загубивме“.

Ефтим Трајчов Ѓаурски: На младите не им треба порака, им треба поддршка!

Корден, навивач на Вест Хем, изјави дека пропуштил многу натпревари на Европското првенство поради настапите. Во среда, полуфиналето на Англија против Холандија започнува во 20 часот, половина час по подигнувањето на завесата на Олд Вик.

„Ќе го фатиме крајот на натпреварот“, рекол Корден. Пласманот на Англија во полуфиналето беше „неверојатен успех“, додаде актерот.

(Колумна) Што е демократија? Сигурно не ова што го гледаме денес
И родителите зависни од мобилните телефони